Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Judges 10

:
Macedonian - 2006
1 По Авимелех се крена да го спаси Израел Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Еф­ре­мовата Планина.
2 Тој беше судија над Израел дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир.
3 По него дојде Јаир од Галаад, кој беше судија над Израел дваесет и две години.
4 Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет гра­да, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја.
5 Јаир умре и беше погребан во Камон.
6 А Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ и им служеа на разни Ваали и Астарти, на боговите арамејски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите од си­новите Амонови и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа.
7 И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој ги предаде во рацете на Амоновите синови.
8 Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израеловите синови осумнаесет години по ред, сите Израелови синови од онаа страна на Јордан во аморејската земја, која е во Галаад.
9 Најпосле Амонците го преминаа Јордан за да војуваат против Јуда и Венијамин и против домот Ефремов. И синовите Израелови беа на големи маки.
10 Па повикаа синовите Израелови кон Господ и рекоа: „Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.“
11 И Господ им рече на Израеловите синови: „Не ве угнетуваа ли Егип­ќа­ните и Аморејците, Амонците и Фи­листејците,
12 Сидонците, Амаликијците и Маон­ци­те и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?
13 А вие Ме оставивте и почнавте да им служите на други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам;
14 одете, повикајте ги боговите што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.“
15 Тогаш синовите Израелови Му рекоа на Господ: „Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е мило, само спаси нѐ сега.“
16 И ги отфрлија од себе туѓите бо­гови и почнаа да Му служат на Господ. И не ги истрпе душата Негова стра­дањата Израелови.
17 Амонците, пак, се собраа и се смес­тија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израеловите синови и поставија логор во Мицпа.
18 Народот и началниците галаадски си рекоа еден на друг: „Кој ќе почне војна против Амонците, тој нека биде началник на сите галаадски жители.“