Joshua 32006

1Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Израелови, и ноќеваа таму пред да го преминат.

2По три дена тргнаа управителите низ логорот,

3и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и свештеници, левити, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив.

4Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“

5И му рече Исус на народот: „Ос­ветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“

6На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот.

7Тогаш Господ му кажа на Исус: „Од денес ќе почнам да те возвишувам пред очите на сите синови Израелови, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе.

8А сега заповедај им на свеш­те­ниците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: ‚штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.‘“

9Исус им кажа на синовите Изра­елови: „Дојдете ваму и чујте ги збо­ро­вите на Господ, вашиот Бог!“

10Уште им рече Исус: „Од тоа ќе дознаете дека меѓу вас е живиот Бог, Кој ќе ги изгони од вас Хананците и Хи­тијците, Евејците и Перизијците, Гер­гесејците, Аморејците и Јевусијците;

11ете, ковчегот на заветот на Гос­по­дарот над целиот свет ќе тргне пред вас преку Јордан;

12и земете си дванаесетмина луѓе од синовите Израелови, по еден човек од секое племе;

13и штом нозете на свештениците, кои го носат ковчегот на Господарот над целиот свет, ќе стапнат во водите на Јордан, водата јорданска ќе се пре­кине, а водата што тече одозгора, ќе запре.“

14И така, кога народот тргна од шаторите свои за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот пред народот,

15тогаш, штом оние, што го носеа ков­чегот влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а беше време кога Јордан, во текот на целиот период на жетвата на пченицата се из­лева од своите брегови,

16водата, што течеше одозгора, запре и се претвори во карпа оддалечена на многу големо растојание, кај градот Адам, кој се наоѓа во пределот Царе­тан; а водата што течеше надолу, исте­чуваше кон Арабиското, односно Соле­ното Море, сѐ додека не истече докрај.

17А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израелови преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Joshua 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.