Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joshua 20

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Исус, велејќи:
2 „Кажи им на синовите Израелови: одредете си градови прибежишта, за кои ви говорев преку Мојсеј,
3 за да може да избега таму убиец, кој убил човек по грешка, од небрежност; нека ви бидат прибежиште од одмаздникот за крв.
4 И кој ќе избега во еден од тие градови, нека застане пред портите од градот и гласно нека го раскаже делото свое на градските старешини; тие да го примат кај себе во градот и да му дадат место, за да живее кај нив;
5 а ако одмаздникот за крв ќе почне да го гони, тие не треба да го предадат убиецот во рацете негови, зашто тој убил ближен свој од небрежност и немал претходно спрема него омраза.
6 И нека остане во тој град, сѐ додека не излезе на суд пред народот, или додека не умре големиот свештеник, што ќе биде во тие денови. А потоа убиецот нека се врати и нека си оди во градот свој и во домот свој, од каде што избегал.“
7 И го одредија Кедес во Галилеја, во Нефталимовата Гора, Сихем во Ефре­мовата Гора, и Кирјат-Арба, односно Хеврон, во гората Јудина;
8 од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток, ги одредија: Бецер во пустината, во рамнината, од Рувимо­вото племе; Рамот во Галаад, од Га­довото племе, и Голан во Башан, од Манасиевото племе.
9 Тие градови беа одредени за сите Израелови синови и за придојдените, кои живеат меѓу нив, за да избега таму секој, кој по грешка убил човек, за да не умре од раката на одмаздникот, пред да излезе на суд пред народот.