Joshua 212006

1Левитските родоначалници дојдоа кај свештеникот Елеазар, кај Исус, синот Навинов, и кај племенските началници на Израеловите синови,

2и им рекоа во Силом, во хананската земја, велејќи: „Господ беше заповедал преку Мојсеј да ни дадете градови за живеење и со нивните околни места за нашиот добиток.“

3И синовите Израелови им ги дадоа на левитите од своите делови, според заповедта на Господ, овие градови со нивните околни места.

4И се фрли ждрепка за Каатовите родови и според ждрепката на синовите од свештеникот Арон, кои беа левити, им се паднаа тринаесет градови — од Јудиното племе, од Симеоновото племе и од Венијаминовото племе;

5а на другите Каатови потомци според ждрепката за родовите на Ефремовото племе, на Дановото племе и на половината од Манасиевото племе им се паднаа — десет градови;

6на Гирсоновите потомци од племето Исахарово, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од половината Манасиево племе во Башан со ждрепка им припаднаа — тринаесет градови;

7на Мерариевите потомци, според родовите нивни, од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе — дванаесет градови.

8Синовите Израелови им ги дадоа на левитите тие градови и нивните околини со ждрепка, како што беше запо­ведал Господ преку Мојсеј.

9А на синовите од племето Јудино и од племето Симеоново им ги дадоа овие градови што се набројуваат според имињата свои:

10на Ароновите потомци, од родовите Каатови, меѓу синовите Левиеви, бидеј­ќи нивната ждрепка беше прва.

11Им го дадоа Кирјат-Арба, односно градот на Арба (Арба се викаше Ана­ковиот татко), инаку градот Хеврон, во Јудината Гора, заедно со предградијата негови;

12а полето на тој град и селата негови му ги дадоа во наследство на Јефу­неовиот син Халев.

13И така, на синовите на свештеникот Арон им го дадоа градот Хеврон, со предградијата негови, како град — при­бежиште за убијците, и Ливна со околината нејзина,

14Јатир со околината негова, Еш­темоа со околината негова,

15Холон со околината негова, Давир со околината негова,

16Ајин со околината негова, Јута со околината нејзина; Ветсамис со околината негова — девет градови од тие две племиња;

17од Венијаминовото колено: Гаваон со околината негова, Гева со околината нејзина,

18Анатот со околината негова, Алмон со околината негова — четири града.

19Сите градови на синовите Аронови, свештениците, се тринаесет градови со околините нивни.

20И на родовите од Каатовите потомци, левитите, — што уште беа останале од Каатовите синови, според нивната ждрепка, им се паднаа градовите од пределите на племето Ефремово:

21им го дадоа Сихем со околината негова, како град-прибежиште за убијци, во Ефремовата Гора, и Гезер со околината негова.

22Кивцаим со околината негова, Ве­торон со околината негова — четири града;

23а од Дановото племе: Елтеке со околината негова и Гибетон со околината негова,

24Ајалон со околината негова и Гат-Римон со околината негова — четири града;

25од половината на Манасиевото племе: Танах со околината негова, и Јивлеам со околината негова — два града.

26Сите градови што им се паднаа на другите Каатови потомци, се десет града со околините нивни.

27А на Гирсоновите потомци, сродници на левитите, им ги дадоа: од поло­вината на Манасиевото племе Голан во Башан со околината негова, град-прибежиште за убијци, и Беештера со околината нејзина — два града;

28од Исахаровото племе: Кишјон со околината негова, Даверат со околината негова,

29Јармут со околината негова, Ен-Ганим со околината негова — четири града;

30од Асировото племе: Мишал со околината негова, Авдон со околината негова;

31Хелкат со околината негова, Рехов со околината негова — четири града;

32од Нефталимовото племе: Кедес во Галилеја со околината негова, — град-при­бежиште за убијци, Хамот-Дор со околината негова и Картан со околината негова — три града.

33Сите градови што им се паднаа на Гирсоновите синови, според племињата нивни, се тринаесет градови со околи­ните нивни.

34На другите левити, од родовите на Мерариевите синови, им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со околината негова, Карта со околината нејзина.

35Димна со околината нејзина, Нахалал со околината негова — четири града;

36од Рувимовото племе им беше даден градот-прибежиште за убијци Бецер, во пустинската рамнина, со околината негова, Јахца со околината нејзина,

37Кедемот со околината негова, Ме­фаат со околината негова — четири града;

38од Гадовото племе: Рамот со околината негова — град-прибежиште за убијци, во Галаад, Маханаим со околината негова.

39Есевон со околината негова, Јазер со околината негова — четири града.

40Сите градови што им се паднаа со ждрепка на другите левитски родови, од Мерариевите синови, според домовите нивни, се дванаесет града.

41Сите левитски градови, што беа во наследствата на синовите Израелови, беа четириесет и осум града со околи­ните нивни.

42Сите тие градови им беа дадени со нивните околини.

43И така Господ му ја предаде на Израел целата земја, за која им се заколна на нивните таковци дека ќе им ја даде; тие ја наследија и се населија во неа.

44И Господ им даде спокојство отсе­каде, како што им се беше заколнал на татковците нивни, и никој од непријателите нивни не се осмели да стане против нив; сите нивни непријатели Гос­под им ги предаде во нивни раце.

45Не остана неисполнет ниеден збор од сите добри зборови, кои Господ му ги беше рекол на домот Израелов: сѐ се исполни.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Joshua 21.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.