Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joshua 19

:
Macedonian - 2006
1 Втората ждрепка падна за Симеон, за племето на Симеонови­те синови, според родовите нивни; и наследството нивно беше меѓу делот на Јудините синови.
2 Во делот нивни беа: Вирсавија, Сева и Молада,
3 Хацар-Шуал, Бала и Ецем,
4 Елтолад, Бетул и Хорма,
5 Циклаг, Бет-Маркавот и Хацар-Су­са,
6 Бет-Леваот и Шарухен: тринаесет градови со селата нивни;
7 Ен-Римон, Етер и Ашан: четири гра­да со селата нивни,
8 и сите предградија околу тие гра­дови дури до Ваалат-Беер и Ра­мат-Негев. Тоа е делот на племето на Симеоновите синови, според родовите нивни.
9 Од делот на Јудините синови се од­дели наследство за племето на Симео­новите синови; бидејќи делот на Јуди­ните синови беше многу голем за нив, затоа Симеоновите синови добија нас­ледство меѓу нивниот дел.
10 Третиот дел им се падна на Заву­лоновите синови, според родовите нив­ни и границата на нивниот дел се прос­тираше до Сарид;
11 границата нивна излегува кон морето и Марала и допира до Дабешет и потокот, што е пред Јокнеам;
12 од Сарид оди назад кон исток, каде што изгрева сонцето до границата на Кислот-Тавор; оттука продолжува кон Даверат и излегува кај Јафија;
13 оттаму минува на исток кон Гат-Хе­фер и Ет-Кацин, и оди кон Римон, свртувајќи кон Неа;
14 од север границата свртува кон Ханатон и завршува во долината на Јифта-Ел;
15 понатаму таа ги опфаќа: Катат, Нахалал, Шимрон, Јидала и Витлеем: дванаесет градови со селата нивни.
16 Тоа е наследството на Завулоновите синови, според родовите нивни градовите и селата нивни.
17 Четвртата ждрепка падна на Иса­хар, за Исахаровите синови, според родовите нивни;
18 нивната граница беше: Јизреел, Кесулот и Сунем,
19 Хафараим, Шион, Анахарат,
20 Рабит, Кишјон и Евец,
21 Ремет, Ен-Ганим, Ен-Хада и Бет-Пацец;
22 границата допира до Тавор, Ша­хацима и Ветсамис и завршува кај Јордан: шеснаесет градови со селата нивни.
23 Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови, според родовите нивни градовите и селата нивни.
24 Петтата ждрепка падна за племето на Асировите синови, според родовите нивни;
25 нивна граница беа: Хелкат, Хали, Бетен и Ахшаф,
26 Аламелех, Амад и Мишал; границата се ближи до Кармил откај запад и до Шихор-Ливнат.
27 Потоа оди назад на исток кон Бет-Дагон, допира до територијата на Завулон и до долината Јифта-Ел, потоа оди на север кон Бет-Емек и Неиел и продолжува кон Кавул,
28 Авдон, Рехов, Хамон и Кана, сѐ до големиот Сидон;
29 потоа границата се враќа кон пределот на Рама до утврдениот град Тир, свртува кон пределот Хоса и завршува кај морето, во гратчето Ахзив;
30 понатаму ги опфаќа: Ако, Афек и Рехов: дваесет и два града со селата нивни.
31 Тоа е делот на племето на Аси­ровите синови, според родовите нивни градовите со селата нивни.
32 Шестата ждрепка се фрли за Нефталим, за синовите Нефталимови, според родовите нивни.
33 Границата нивна оди од Хелеф од дабовата гора во Цаананим кон Адами-Некев и Јавнел, дури до Лакум и завршува кај Јордан;
34 оттука границата свртува на запад кон Азнот-Тавор и оттаму оди кон Хукок, и допира до Завулон од југ, допира и до Асир, од запад, и до Јуда кај Јордан, откај источната страна.
35 Утврдени градови беа: Цидим, Цер, Хамат, Ракат и Кинерет,
36 Адама, Рама и Асор,
37 Кедес, Едреи и Ен-Асор,
38 Јирон, Мигдал-Ел, Хорем, Бет-Ан­ат и Ветсамис: деветнаесет градови со селата нивни.
39 Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови, според родо­вите нивни градовите и селата нивни.
40 За племето на Дановите синови, според родовите нивни, се фрли седмата ждрепка.
41 Границите на нивниот дел беа: Цора, Ештаол и Ир-Шемеш
42 и градовите: Шаалабин, Ајалон и Јитла,
43 Елон, Тимната, Екрон,
44 Елтеке, Гибетон и Ваалат,
45 Јехуд, Бене-Берак и Гат-Римон,
46 Ме-Јаркон и Ракон, со областа око­лу Јафа.
47 Но делот на Дановите синови беше мал за нив и тие кренаа војска против Лешем, го презедоа и сите ги убија со сечилото на мечот, го завладеаја градот и се населија во него, и Лешем го нарекоа Дан, според името на предокот свој Дан.
48 Тоа е наследството на племето на Дановите синови, според родовите нивни градовите и селата нивни.
49 Откако заврши делбата на земјата, според границите нејзини, синовите Израелови му дадоа меѓу нив наслед­ство и на Исус, синот Навинов:
50 по заповед на Господ му го дадоа градот што го побара: Тимнат-Серах, на Ефремовата Гора; и тој го обнови градот и се всели во него.
51 Тоа се наследствата што свеште­никот Елеазар, Исус, синот Навинов, и родоначалниците на племињата им ги разделија на синовите Израелови, со ждрепка, во Силом, пред Господ, пред влезот во скинијата на собранието. И завршија со поделбата на земјата.