Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joshua 17

:
Macedonian - 2006
1 Беше фрлена ждрепка за наследството на племето на Манасија, кој беше Јосифов првороден син. На Манасиевиот првороден син Махир, татко на Галаад, кој беше хра­бар во борба, му се падна Галаад и Башан.
2 Добија наследство и другите Мана­сиеви синови, според нивните родови; и синовите Авиезерови, и синовите Хе­лекови, и синовите Азриилови, и си­новите Шехемови, и синовите Хеферо­ви, и синовите Шемидаеви. Тоа се потомците на Манасија, синот на Јосиф, според родовите нивни.
3 Салпаад, пак, синот на Хефер, кој беше син на Галаад, а овој син на Махир, Манасиев син, немаше синови, туку само ќерки. Еве ги имињата на ќерките негови: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца.
4 Тие дојдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исус, синот Навинов, и кај родоначалниците, и рекоа: „Бог му беше заповедал на Мојсеј да ни даде дел меѓу нашите браќа.“ И им се даде наследство, по заповед на Господ, меѓу браќата на нивниот татко.
5 И Манасија доби во наследство десет делови покрај земјата во Галаад и Башан од онаа страна на Јордан;
6 зашто ќерките Манасиеви добија делови меѓу синовите негови, а Гала­адската земја им се падна на другите Манасиеви синови.
7 Границата на синовите Манасиеви оди од Асир кон Михметат во насока на Сихем; оттука границата свртува надес­но кон жителите на Ен-Тапуах.
8 Земјата Тапуах му се падна на Манасија, а самиот град Тапуах на Ефремовите синови.
9 Оттука границата оди по јужниот брег на потокот Кана. Градовите јужно од потокот му припаѓаат на Ефрем, иако се на територијата на Манасија. Манасиевата граница продолжува на север од потокот и завршува кај морето.
10 Она што е на југ, тоа е Ефремово, а она што е на север, тоа е Манасиево; а морето им е нивна западна граница; со Асир се граничи откај север, а со Исахар откај исток.
11 На Манасија му припаднаа меѓу Исахар и Асир, Бет-Шан со селата негови, Јивлеам и селата негови, жителите на Дор и неговите села, жителите на Ен-Дор и неговите села, жителите на Таанах и неговите села, и жителите на Мегидо, и неговите села, три висорамнини.
12 Манасиевите синови не можеа да ги изгонат жителите на тие градови и Хананците останаа да живеат во таа земја.
13 Кога, пак, Израеловите синови се зацврстија, им наметнаа данок на Хананците, но не ги избркаа.
14 Јосифовите синови му се противставија на Исус и рекоа: „Зошто ни даде наследство само со едно фрлање на ждрепката, односно само еден дел, кога сме ние многубројни, бидејќи така нѐ благословувал Господ досега?“
15 Исус им одговори: „Ако сте многу­бројни, одете во гората и таму, во земјата на Перизијците и Рефаимците, рас­чистете си место, штом Гората Ефре­мова ви е тесна.“
16 Јосифовите синови рекоа: „Гората Ефремова не ни е доволна; а сите Хананци, што живеат во долината, имаат железни коли, како оние, што се во земјата Бет-Шан и во селата нивни, така и оние, што се во Јизреелската долина.“
17 Но Исус му рече на Јосифовиот дом, на Ефрем и на Манасија: „Кога си многуброен и имаш голема сила, нема да останеш само со една ждрепка;
18 и гората нека биде твоја, и неа ти ќе ја расчистиш, и таа ќе биде твоја до самиот крај; бидејќи ти ќе ги истераш Хананците, иако тие имаат железни коли, иако се силни.“