Joshua 15
1 Племето на Јудините синови, според родовите нивни, го доби пределот кон границата со Едом и пустината Син и уште на југ во насока кон Теман.
2 Нивната јужна граница допира до крајниот јужен дел на Мртвото Море;
3 на југ таа се протега кон ридот Акравим, поминува низ пустината Син, влегува од југ кон Кадис-Барнеа, излегува на Есром и се протега до Адар, па потоа свртува кон Карка,
4 излегувајќи на Ацмон, оди кон Египетскиот Поток, така што крајот на таа граница е морето. Тоа е нивната јужна граница.
5 Граница на исток беше Соленото Море до устието на Јордан; а границата на север почнува од Соленото Море од крајот на Јордан;
6 оттука границата оди кон Бет-Хогла, минува на север кон Бет-Арава и оди угоре до Каменот на Бохан, Рувимовиот син;
7 потоа границата оди кон Давир и поминувајќи низ долината Ахор, свртува на север кон Гилгал, кој се наоѓа наспроти ридот Адумим на југ од потокот; потоа границата преминува кон изворот Ен-Шемеш и завршува кај Ен-Рогел;
8 оттука границата оди угоре кон долината Бен-Хином, на југ од Јевус, односно Ерусалим, а потоа продолжува по врвот на гората, што е на запад од долината Бен-Хином, кон морето, до крајот на Рефаимската Долина, на север;
9 од врвот на гората границата свртува кон изворот на водите Нефтоах и оди покрај градовите кај гората Ефрон; потоа границата свртува кон Ваала, а тоа е Кирјат-Јарим;
10 потоа границата свртува од Ваала кон морето и оди кон планината Сеир, и излегува на падините северно од Јеарим, односно Кесалон, слегува кон Ветсамис и доаѓа до Тимна;
11 оттука границата оди на север позади Екрон; свртува кон Шикерон, минува преку гората Ваала и стигнува до Јавнел; и границата завршува кај морето. Западна граница е Големото Море.
12 Тоа се границите на областите на Јудините синови според нивните родови.
13 А на Јефунеовиот син Халев, Исус му даде еден дел меѓу Јудините синови, како што му беше заповедал Господ на Исус; а и градот Кирјат-Арба (Арба му беше татко на Анак) т.е. градот Хеврон.
14 Халев ги истера оттаму трите синови на Анак: Шешај, Ахиман и Талмај.
15 Оттаму тој тргна против Давирчаните; порано Давир се нарекуваше Кирјат-Сефер.
16 И рече Халев: „Кој ќе го нападне Кирјат-Сефер и ќе го покори, ќе му ја дадам ќерката моја Ахса за жена.“
17 И го презеде Готониил, син на Кеназ, братот на Халев, и тој му ја даде ќерка си Ахса за жена.
18 Кога требаше таа да замине, ја посоветуваа да побара од таткото свој земја, и таа слезе од магарето. Халев ја запраша: „Што сакаш?“
19 Таа одговори: „Благослови ме; бидејќи ми даде јужна земја, која е сува, дај ми и извори.“ И тој ѝ ги даде горните и долните извори.
20 Ете тоа е наследството на племето на Јудините синови, според родовите нивни.
21 А ова се пограничните градови на Јудините синови, долж границата со Едом, на југ: Кавцеел, Едер и Јагур,
22 Кина, Димона, Адада,
23 Кедес, Асор и Јитнан,
24 Зиф, Телем и Беалот,
25 Асор-Хадата и Кериот-Есром, нарекуван и Асор,
26 Амам, Шема и Молада,
27 Хацар-Гада, Хешмон и Бет-Пелет,
28 Хацар-Шуал, Вирсавија и околните места.
29 Ваала, Ијим и Ецем,
30 Елтолад, Кесил и Хорма,
31 Циклаг, Мадмана и Сансана,
32 Леваот, Шилхим, Ен-Римон; сите градови се дваесет и девет со селата нивни.
33 Во рамнината: Ештаол, Цора, Ашна
34 Заноах, Ен-Ганим, Тапуах и Енам,
35 Јармут, Адулам, Сохо и Азека,
36 Шаараим, Адитаим, Гедера со Гедеротаим; четиринаесет градови со селата нивни.
37 Ценан, Хадаша, Мигдал-Гад,
38 Дилан, Мицпа, Јоктел,
39 Лакиш, Боцкат и Еглон,
40 Кабон, Лахмас и Китлиш,
41 Гедерот, Бет-Дагон, Ноема и Македа; шеснаесет градови со селата нивни.
42 Ливна, Етер и Ашан,
43 Ефтај, Ашна и Нецив,
44 Кеила, Ахзив и Мареша: девет градови со селата нивни.
45 Екрон и селата негови, и предградијата негови,
46 и од Екрон, кон запад и сѐ што е до Ашдод, со селата нивни.
47 Ашдод, селата негови и предградијата негови, Газа, со селата нејзини и предградијата нејзини, до самиот Египетски Поток и до Големото Море, кое е граница;
48 и на планините: Шамир, Јатир и Сохо,
49 и Дана и Кирјат-Сана, нарекуван и Давир,
50 Анав, Ештемоа и Аним,
51 Гесем, Холон и Гило, единаесет градови со селата нивни.
52 Арав, Дума и Ешан,
53 Јанум, Бет-Тапуах и Афека,
54 Хумта и Кирјат-Арба, а тоа е Хеврон, и Циор — градови девет и селата нивни.
55 Маон, Кармил, Зиф и Јута,
56 Јизреел, Јоркеам и Заноах,
57 Каин, Гива и Тимна — градови десет со селата нивни.
58 Халхул, Бет-Цур и Гедор,
59 Марат, Бет-Анот и Елтекон — шест градови со селата нивни;
60 Кирјат-Ваал, нарекуван и Кирјат-Јарим, и Рава: два града со селата и предградијата нивни;
61 во пустината: Бет-Арава, Мидин и Сехаха,
62 Нившан, Ир-Мелах и Ен-Геди — шест градови и селата нивни.
63 Но Јудините синови не можеа да ги избркаат Јевусијците, жителите на Ерусалим, и затоа Јевусијците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до денес.