Joshua 122006

1Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израелови ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од каде што изгрева сонцето, од Арнонската долина сѐ до планината Ермон, и целата рамнина на исток;

2Сихон, аморејскиот цар, со престолнина во Есевон, и со власт што се протега од Ароер, што се наоѓа крај бреговите на потокот Арнон, до средината на потокот, и половината Галаад, до потокот Јавок, кој е граница со Амо­новите синови;

3потоа рамнината на исток од Гени­саретското Езеро, сѐ до областа источ­но од Мртвото Море, во насока на Бет-Јешимот и уште на југ регионот во подножјето на планината Фазга;

4и Ог, башанскиот цар, последниот од гигантите кој живееше во Аштарот и во Едреи,

5и владееше во планината Ермон и Салеха, и со целиот Башан, до Гесурската и Маахатската граница, и со половината од Галаад, до пределите на хешбонскиот цар Сихон.

6Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израелови ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, таа земја во наслед­ство на племето Рувимово и Гадово и на половината од племето Манасиево.

7А ова се царевите, кои ги победи Исус и синовите Израелови од онаа страна на Јордан на запад, од Ваал-Гад во Ливанската долина до планината Халак, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја подели во наследство на племињата Израелови со ждрепка;

8тоа се областите по планината, по низините, во рамнината и во ридовите, во пустината и во јужните области, каде што живеат Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците;

9царот ерихонски — еден, и царот на Гај, што е близу до Ветил, еден

10ерусалимски цар — еден, хевронски цар — еден,

11јармутски цар — еден, лахишки цар — еден,

12еглонски цар — еден, гезерски цар — еден,

13девирски цар — еден, гедерски цар — еден,

14цар на Хорма — еден, арадски цар — еден,

15цар на Ливна — еден, адуламски цар — еден,

16македски цар — еден, ветилски цар — еден,

17цар на Тапуах — еден, хеферски цар — еден,

18афекски цар — еден, лашаронски цар — еден,

19мадонски цар — еден, хацорски цар — еден,

20цар на Шимрон-Мерон — еден, ахшафски цар — еден,

21таанахски цар — еден, мегидонски цар — еден,

22кедешки цар — еден, цар на Јокнеам Кармил — еден,

23дорски цар на висорамнината Дор — еден, гоимски цар во Галил — еден,

24и царот на Тирца — еден. Вкупно триесет и еден цар.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Joshua 12.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.