Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

John 9

:
Macedonian - 2006
1 Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање.
2 Учениците Негови Го прашаа и ре­коа: „Рави, кој згрешил? тој или роди­телите негови, та се родил слеп?“
3 Исус им одговори: „Ни тој, ниту ро­дителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него.
4 Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи.
5 Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“
6 Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот,
7 и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи.
8 А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и питаше?“
9 Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“
10 Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“
11 Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“
12 Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“
13 Тогаш го одведоа кај фарисеите чо­векот, кој порано беше слеп.
14 А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите.
15 Го прашаа, пак, исто така и фарисе­ите: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и сега гледам.“
16 Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој човек, штом не ја уважува саботата.“ Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чу­да?“ И настана расправија меѓу нив.
17 Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“
18 Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал додека не ги повикаа родителите на оној што про­гледа,
19 и ги прашаа: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?“
20 Родителите негови одговорија и им рекоа: „Знаеме дека е овој наш син и де­ка се роди слеп;
21 но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!“
22 Ова го рекоа неговите родители, би­дејќи се плашеа од Јудејците; зашто Ју­дејците се беа согласиле да биде ис­клу­чен од синагогата секој што ќе Го признае за Христос.
23 Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“
24 Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“
25 А тој одговори и рече: „Дали е гре­шен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.“
26 Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“
27 Тој им одговори: „Јас веќе ви реков и не чувте; зошто сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му ста­не­те ученици?“
28 А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви уче­ници!
29 Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“
30 Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите!
31 Знаеме дека Бог не слуша греш­ни­ци: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слу­ша.
32 Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден.
33 И ако Тој не беше од Бога, не ќе мо­жеше да направи ништо.“
34 Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор.
35 Исус чу дека го истерале, па го нај­де и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“
36 Тој одговори и рече: „А кој е, Гос­поди, па да поверувам во Него?“
37 Исус му рече: „Си Го видел, токму Оној е кој зборува со тебе!“
38 А тој рече: „Верувам, Господи!“ И Му се поклони.
39 И рече Исус: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите, а оние што гледаат, да станат слепи.“
40 Го чуја тоа некои од фарисеите што беа со Него, и Му рекоа: „Зар и ние сме слепи?“
41 Исус им рече: „Да бевте слепи, грев немаше да имате; а сега велите дека гледате, затоа и гревот ви останува.“