Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

John 10

:
Macedonian - 2006
1 „Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, крадец е и разбојник;
2 а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;
3 нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика свои­те овци по име и ги изведува.
4 И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов;
5 а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“
6 Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа.
7 Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за ов­ците.
8 Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа.
9 Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе из­ле­зе, и пасиште ќе најде.
10 Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие.
11 Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага својата душа за ов­ците;
12 а наемникот, кој не е пастир и не е сопственик на овците, ако види дека до­аѓа волк, ги остава овците и бега; и вол­кот ги разграбува и ги распрснува ов­ци­те.
13 Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците.
14 Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене.
15 Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и ду­ша­та Своја ја полагам за овците Свои.
16 И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.
17 Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак.
18 Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам од Себе го давам. Имам власт да го дадам и власт имам пак да си го земам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.“
19 И пак настана расправија меѓу Ју­дејците заради овие зборови.
20 Мнозина од нив велеа: „Зол дух има и не е при Себе. Зошто Го слушате?“
21 Други велеа: „Ова не се зборови на луд човек; може ли луд човек на слеп да му отвори очи?“
22 А беше тогаш во Ерусалим праз­ни­кот Обновување на храмот и беше зима.
23 Одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов.
24 А Јудејците Го опколија и Му ре­коа: „До кога ќе ги мачиш нашите ду­ши? Ако си Ти Христос, кажи ни от­во­рено!“
25 Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.
26 Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков.
27 Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене,
28 и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја.
29 Мојот Отец, што Ми ги даде, е по­голем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.
30 Јас и Отецот сме едно.“
31 А Јудејците, пак, зедоа камења да Го убијат.
32 Исус им одговори: „Многу добри дела ви јавив од Мојот Отец; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?“
33 Му одговорија Јудејците, велејќи: „За добро дело камења не фрламе на Тебе, туку за хулење, зашто Ти, иако си човек, се правиш Бог.“
34 Исус им одговори: „Не е ли на­пи­шано во вашиот Закон: ‚Јас реков: бого­ви сте?‘
35 Ако Тој ги нарече богови оние кон кои беше упатено словото Божјо, а писмото не може да се урне,
36 а на Оној ли, Кого Го освети Оте­цот и Го прати во светот, вие велите: ‚Хулиш на Бога?‘ дека реков: ‚Јас сум Син Божји?‘
37 Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми;
38 а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверува­те дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“
39 Сакаа пак да Го фатат, но Тој им се истргна од рацете нивни,
40 и пак отиде отаде Јордан, на она место каде што Јован крштаваше, и ос­тана таму.
41 Мнозина дојдоа кај Него и говореа: „Јован не направи ниедно чудо, но сѐ што рече Јован за Него, беше вистина.“
42 И мнозина таму поверуваа во Него.