Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 4

:
Macedonian - 2006
1 Одговори Елифаз од Теман и рече:
2 „Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да ги сопре своите зборови!
3 Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,
4 твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена.
5 А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.
6 Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непороч­носта на твоите патишта твоја поткрепа?
7 Спомни си, загинал ли некој невин, и каде праведните биле искоренувани?
8 како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;
9 од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот Негов исчезнуваат.
10 Рикањето на лавот, гласот на тигарот и забите на лавчињата се кршат;
11 силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрс­нуваат.
12 И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.
13 Среде размислувањата за ноќните виденија, кога сонот ги обзема луѓето,
14 мене ме зафати страв и трепет и ги растресе сите мои коски.
15 И дух помина над мене; косата ми се крена.
16 Тој застана, но јас не го видов ли­цето негово, само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:
17 ‚Зар човекот може да биде по­праведен од Бога? И може ли тој да биде почист од својот Создател?‘
18 Ете, Тој и на слугите Свои не им ве­рува и во ангелите Свои наоѓа недостатоци:
19 дотолку повеќе кај оние, кои живеат во земјени куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од мо­лец.
20 Меѓу утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.
21 Јажето што ги крепеше е скинато. Тие умираат без да станат мудри.“