Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 3

:
Macedonian - 2006
1 Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна денот на своето раѓање.
2 Почна Јов и рече:
3 „Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа: се зачна дете!
4 Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина!
5 Да го затемни темнина и смртна сенка, црн облак да го покрие, или страшно помрачување на сонцето!
6 Таа ноќ, темнина да ја опфати, да не се смета меѓу дните на годината, да не влезе во бројот на месеците!
7 О, таа ноќ! Без луѓе да беше; веселба во неа да немаше!
8 Нека ја проколнат оние, кои го колнат денот, оние кои знаат да го разбудат чудовиштето водено!
9 Нека потемнат ѕвездите на мугрите нејзини; да ја чека светлината и таа да не дојде и да не ги види трепките на зората;
10 зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!
11 Зошто не сум умрел кога сум се раѓал, и не сум издивнал кога сум излегол од утробата?
12 Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?
13 И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно
14 заедно со цареви и земни советници, кои градеа урнатини за себе,
15 или со кнезови, кои имаа злато и кои ги полнеа домовите свои со сребро;
16 или, како недоносче закопано, немаше да ме има, како новороден­чиња кои не виделе светлина.
17 Во гробот насилниците не прават насилство, а изнемоштените наоѓаат починка.
18 Таму затворениците заедно се на­сладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.
19 Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.
20 Зошто на страдалникот му е дадена светлина, и живот на душевно огор­чените,
21 кои ја очекуваат смртта, а неа ја нема, кои ја бараат повеќе отколку закопано богатство,
22 би се радувале до восхит, би биле среќни, зашто нашле гроб?
23 Еве јас сум човек кој не знае каде оди, човекот чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?
24 Воздишките мои се моја исхрана, офкањата мои течат како вода,
25 зашто страшното, од кое се ужа­сував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.
26 Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.“