Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 37

:
Macedonian - 2006
1 „И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое.
2 Чујте, чујте го гласот Негов и громот што излегува од устата Негова.
3 Под целото небо се разнесува грме­жот Негов, и светкавицата Него­ва до краиштата на земјата.
4 По Него гром се разгласува; грми Тој со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ќе се чуе.
5 Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни.
6 Зашто Тој му вели на снегот: паѓај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт.
7 Тој става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите луѓе Неговите дела.
8 Тогаш ѕверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое.
9 Од југ доаѓа бура, од север студ.
10 Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира.
11 Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова,
12 и тие се движат по целата земја според волјата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Тој.
13 Тој им заповеда да отидат или за казна, или за благослов, или за помилување.
14 Вслушај се во ова, Јов; стој и гледај ги чудесните дела Божји.
15 Знаеш ли како Бог ги распоредува и како ѝ заповеда на светлината да болска од Неговиот облак?
16 Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дело на Најсоврше­ниот во секое знаење?
17 Како се стоплува облеката твоја ко­га ја успокојува земјата од југ?
18 Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало?
19 Научи нѐ што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распо­знаеме.
20 Ќе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој дека Нему Му се соопштува што е зборувано?
21 Сега не се гледа болскавата свет­лина во облаците, но ќе дувне ветер и ќе ги расчисти.
22 Убавото време доаѓа од север, и околу Бога убавината е преголема.
23 Седржител! Ние не Го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Тој никого не го угнетува.
24 Поради тоа нека се плашат пред Него луѓето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!“