Job 35
1 Продолжи пак Елијуј и рече:
2 „Мислиш ли ти дека е право тоа што го рече: ‚Праведен сум пред Господ?‘
3 Ти рече: ‚Каква полза за мене и каква корист ќе имам, ако грешам?‘
4 Јас ќе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели:
5 Погледај кон небото и види; загледај се во облаците — тие се повисоки од тебе.
6 Ако грешиш, што ќе Му направиш Нему? И ако твоите престапи се умножуваат, што Му причинуваш Нему?
7 Ако си праведен, што Му даваш? Или што ќе добие од раката твоја?
8 Твојата нечесност може да му направи лошо на човек како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки.
9 Од многу насилници офкаат угнетените и од рацете на силните пиштат;
10 но никој не вели: ‚Каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноќе,
11 Кој нѐ прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небески?‘
12 Тогаш тие викаат, но Тој не им одговара, поради гордоста на лошите луѓе.
13 Но Бог слуша, Седржителот го гледа тоа.
14 Макар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и — очекувај го.
15 А сега, бидејќи гневот Негов не го посети, и Тој не го испита со сета строгост,
16 затоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, неразумно говори.“