Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 30

:
Macedonian - 2006
1 „А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии тат­ковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои.
2 И за што ми е силата на нивните раце? Над нив помина веќе времето.
3 Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена;
4 собираа посолени лисја од грмушка и смрекови корења им беа храна.
5 Ги гонеа луѓето и викаа по нив како по крадци.
6 Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери.
7 Викаа меѓу грмушките, се вовираа под трњето.
8 Луѓе отфрлени, луѓе безимени; со стап протерани од земјата.
9 Ете, ним им станав јас сега пот­смев и приказ за разговорот нивни.
10 Тие се гадат од мене, ме одбегнуваат и не се воздржуваат дури и да плу­каат на мене.
11 Затоа што Бог ми го олабави ла­кот и ме кутна на земја, тие немаат никаква воздржаност во мое присуство.
12 Оддесно се крева тој изрод, ме пова­лија и кон мене ги насочија па­тиштата свои погубни.
13 А мојот пат го разрушија: сѐ напра­вија за мојата погибел, без ни­чија помош.
14 Доаѓаат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене.
15 Ужаси ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое од­мина како облак.
16 Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа.
17 Ноќе ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир.
18 Со голема мака се соблекува од мене облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува.
19 Тој ме фрли во калта; станав како прав и пепел.
20 Викам кон Тебе, и Ти не ме слу­шаш, стојам, а Ти само ме гледаш.
21 Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поразуваш.
22 Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш.
23 Знам дека Ти ќе ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат сите живи.
24 Зарем не подава рака оној што се дави? Не бара ли помош човек во несреќа?
25 Зар не сум плачел за оној што беше во зло, не тажеше ли душата моја за бедните?
26 Додека го чекав доброто, дојде злото; дури чекав светлина, дојде тем­нина.
27 Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа.
28 Одам поцрнет, но не од сонце; ста­нувам во собранието и викам.
29 Станав брат на чакалите и пријател на ноевите.
30 Кожата ми поцрне на мене, а кос­ките ми се исушија од горештина.
31 И гуслата ми стана таговна, и свирката моја глас плачевен.“