Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Job 29

:
Macedonian - 2006
1 Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
2 „О, да бев како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме чуваше,
3 кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;
4 како што бев во деновите на свои­те млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,
5 кога Седржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,
6 кога нозете мои се бањаа во млеко, кога од карпата за мене маслиново масло течеше,
7 кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот,
8 младите пат ми правеа, а старците стануваа и стоеја;
9 кнезовите ги прекинуваа говорите свои и ставаа рака на устата своја;
10 гласот на првенците замолкнуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.
11 Уво што ќе ме чуеше, велеше: блазе си ти; око што ќе ме видеше, ме восфалуваше,
12 зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.
13 Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост.
14 Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка и венец.
15 Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;
16 за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.
17 На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.
18 Па си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу како песокот.‘
19 Коренот мој беше покрај вода, ро­сата ноќеваше на гранките мои;
20 славата моја се подмладуваше, и ла­кот мој стануваше појак во раката моја.
21 Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.
22 По моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.
23 Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.
24 Се случуваше, ќе им се насмевнев, тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.
25 Кога одев кај нив, седев на чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.“