Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 31

:
Macedonian - 2006
1 „Завет направив со очите свои за да не погледнам на девица.
2 Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата?
3 Нели е за нечесниот погибелта? Не­ли е за злочинецот злото?
4 Не ги виде ли Тој патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори?
5 Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство;
6 нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ќе ја дознае мојата непо­рочност.
7 Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се зале­пило за рацете мои,
8 јас нека сејам, а друг да јаде, и по­томците мои искоренети да бидат.
9 Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој;
10 жената моја нека му меле на друг, и со друг нека ја дели постелата своја,
11 зашто тоа е престап, тоа е беззаконие, кое подлежи на суд;
12 тоа е оган што гори до истребување што би го уништил целиот мој имот.
13 Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене,
14 што ќе правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ќе можев да Му одговорам?
15 Нели Тој, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво нѐ обликувал во утробата?
16 Сум ја одбил ли молбата на оној што имал потреба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица?
17 Сам ли го јадев залакот свој, и не јадеше ли и сиракот од него?
18 Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и секогаш сум му помагал на сиромашниот.
19 Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив,
20 бедрата негови нели ме благо­словуваа и тој нели беше стоплен со волната од овците мои?
21 Ако сум кренал рака врз сирак, кога ќе видев дека имам потпора пред портите,
22 рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот,
23 зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам.
24 Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‚ти си моја надеж?‘
25 Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу?
26 Гледајќи го сонцето како свети и месечината како величествено оди,
27 се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја?
28 Тоа ќе беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот.
29 Се радував ли за неволјата на непријателот мој и се веселев ли кога го снаоѓаше зло?
30 Не ѝ дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова.
31 Не велеа ли луѓето од мојот шатор: ‚О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?‘
32 Туѓинец не ноќеваше на улица; вратата своја ја отворав на патникот.
33 Да ги криев грешките свои како многу луѓе и да ги таев во градите своите престапи,
34 ќе се плашев од големото мнош­тво, и од сонародниците свои ќе имав страв, па затоа ќе молчев и не ќе излегував надвор од вратата своја.
35 О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Седржителот да ми одговори, а заштитникот мој да состави запис за тоа;
36 ќе го носев на рамениците мои и ќе се украсував со него како со венец;
37 ќе му го соопштев бројот на чекорите свои, ќе се приближев до него како кнез.
38 Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене,
39 ако сум им ги јадел плодовите нив­ни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците,
40 тогаш место жито нека расте трње и место јачмен какол.“ Зборо­вите Јовови свршија.