Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 27

:
Macedonian - 2006
1 Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
2 „Жив е Бог, Кој ме лиши од суд, и Седржителот, Кој ја огорчи душата моја,
3 зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои,
4 устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да ис­каже лага!
5 Далеку е од мене мислата да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата непорочност.
6 Цврсто ја држев правдата своја и нема да отстапам од неа; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои.
7 Непријателот мој ќе биде како безбожник, и оној што станува против мене како беззаконик.
8 Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ќе ја земе, кога ќе ја истргне душата негова?
9 Ќе го чуе ли Бог викањето негово, кога ќе го снајде неволја?
10 Ќе се утешува ли тој со Седржи­телот и ќе Го повикува ли Бога во секое време?
11 Ќе ви кажам што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Седржителот.
12 Ете, сите сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате?
13 Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство што насилниците го добиваат од Седржителот.
14 Ако синовите негови се умножу­ваат, меч ги чека; потомците негови нема да се наситат со леб.
15 Оние што ќе останат по него, смртта ќе ги турне в гроб, а вдови­ците нивни нема да плачат по нив.
16 И да натрупа купишта сребро како прав и да приготви многу облека, како земјен нанос,
17 тој ќе приготви, но ќе се облекува праведникот, а непорочниот ќе го добие среброто како свој дел.
18 Си гради куќа како молец и како чувар си прави колиба;
19 легнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеќе тој.
20 Ужаси како голема вода ќе го стигнат; ноќе ќе го грабне луња.
21 Ќе го крене источниот ветар и виор ќе го понесе, и брзо ќе го однесе од местото негово.
22 Бог ќе го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови.
23 Ќе заплескаат со рацете по него и ќе му потсвирнат од местото негово!“