1Одговори на тоа Јов и рече:
2„Како му помогна ти на слабиот, како ја поткрепи раката на немоќниот!
3Каков совет му даде ти на неразумниот и како ја покажа својата мудрост!
4Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од тебе?
5Подлабоко од водите, и под оние што живеат во нив, треперат мртовците.
6Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над него.
7Го послал Тој северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.
8Тој ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.
9Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак.
10Ставил круг над водната површина на границата меѓу светлината и темнината.
11Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова.
12Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.
13Со Својот Дух го разбистри небото; раката Негова ја прободе лукавата змија.
14Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?“