1Проговори пак Вилдад од Шуах и рече:
2„Власт и страв има во Него; Тој создава мир во Своите височини!
3Имаат ли број Неговите војски? И врз кого не изгрева светлината Негова?
4И како може човекот да биде прав пред Бога? Како да биде чист родениот од жена?
5Ете, дури и месечината, и таа не е светла, и ѕвездите се нечисти пред очите Негови.
6А камоли човекот, кој е црв, и синот човечки, кој е молец.“