Job 202006

1Проговори Софар од Ноема и рече:

2„Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам.

3Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ќе одговори за мене.

4Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, — откога е човекот поставен на земјата,

5дека веселбата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на безбож­ниот е за миг?

6И до небесата да се издигне вели­чието негово, и до облаците да се допира главата негова, —

7тој засекогаш ќе пропадне, како и гадотиите негови; оние што го ви­деле, ќе кажат: — каде е тој?

8Како сон ќе одлета, и нема да го најдат; како ноќно привидение ќе исчезне.

9Кое око го видело, повеќе нема да го види, и местото негово повеќе нема да го забележи.

10Синовите негови ќе им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ќе го вратат она што го ограбил.

11Коските негови се полни со гре­вови на младините негови, со него ќе легнат тие во земјата.

12Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие под јазикот свој,

13го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја;

14сепак таа храна во утробата негова, внатре во него, ќе се претвори во зми­ски отров.

15Ќе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ќе го исфрли од стомакот не­гов.

16Змиски отров ќе шмука тој; јазикот на змијата ќе го умртви.

17Нема да види потоци и реки од мед и млеко.

18Спечаленото со труд ќе го врати, нема да го изеде; според имотот негов ќе стане и плаќањето негово; и тој нема да се зарадува.

19Зашто притеснуваше и прогонуваше сиромаси; заграбуваше куќи што не ги градел;

20не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не ште­деше.

21Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае.

22При полно изобилство, тесно ќе му биде; рацете на сиромасите ќе се кренат врз него.

23Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ќе ја испрати врз него јароста на Својот гнев и ќе истури како дожд врз него болести во телото негово.

24Ќе избега ли од железното ору­жје, — бакарен лак ќе го прободе.

25Ќе ја извлече тој стрелата од грбот свој, низ жолчката му ќе помине со својот блескав врв.

26Сѐ што е мрачно се крие во него; го гори оган, од никого нераздуван; ќе изгори сѐ под шаторот негов.

27Небото ќе го открие неговото зло, а и земјата ќе се крене против него.

28Ќе исчезне богатството на куќата негова; сѐ ќе се растури во денот на гневот Божји.

29Тоа е делот од Бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Седржителот!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Job 20.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.