Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 19

:
Macedonian - 2006
1 На тоа одговори Јов и рече:
2 „До кога ќе ја мачите душата моја? До кога ќе ме измачувате со зборови?
3 Ете, веќе десетпати ме посрамувате, и нели ви е срам да ме изма­чувате?
4 Ако и навистина сум згрешил, грешката моја останува за мене.
5 Ако, пак, сакате да се величате над мене и да ме прекорувате со мојот срам,
6 знајте дека Бог ме собори и со мрежата Своја ме обвитка.
7 Ете, јас викам: ‚Неправда!‘ и никој не слуша; врескам, и правда нема.
8 Тој ми го загради патот, и не можам да минам; врз патеките мои спушти мрак.
9 Ја соблече од мене славата моја и го симна венецот од мојата глава.
10 Од сите страни ме сосипува, и јас умирам, и како дрво ја истргнува на­дежта моја.
11 Го разгори гневот Свој против мене и ме вброи меѓу непријателите Свои.
12 Војските Негови дојдоа заедно, се упатија кон мене и се сместија околу шаторот мој.
13 Браќата мои Тој ги оддалечи од мене; и оние што ме познаваат, бегаат од мене.
14 Ме напуштија блиските мои и познатите ме заборавија.
15 Дојденците во куќата моја и слу­гинките мои ме сметаат за туѓ; туѓинец станав во нивните очи.
16 Го викам слугата свој, и тој не се одѕива; со устата своја треба да го молам.
17 Здивот мој ѝ е одвратен на жената моја, и милувањата мои на родените синови мои.
18 Дури и малите деца ме презираат; кога станувам, тие се подигруваат со мене.
19 Од мене се гнасат најверните мои пријатели; и оние што ги сакав, се свртеа против мене.
20 Веќе немам ништо освен кожата врз коските мои; во несреќата изгубив сѐ.
21 Смилувајте се, смилувајте се над мене, пријатели мои, зашто раката Божја се допре до мене.
22 Зошто ме гоните и вие како Бог, и со плотта моја не можете да се наси­тите!?
23 О, да беа зборовите мои напиша­ни! Да беа ставени на книга!
24 Со железно длето и со олово, да беа на вечни времиња врз камен из­длабени!
25 Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја.
26 И кога ќе се распадне кожата моја, во телото мое ќе Го видам Бога.
27 Јас сам ќе Го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат Него. Срцето ми се топи во градите мои!
28 Вие требаше да кажете: зошто го гониме! Како да е коренот на злото најден во мене.
29 Плашете се од мечот, зашто мечот се одмаздува за неправда; и знајте дека има правда.“