Job 17
1 „Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене.
2 Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ќе беше спокојно.
3 Заштити ме, застапи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ќе се заложи за мене?
4 Зашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа нема да им дозволиш да ликуваат.
5 Кој им го дели на пријателите свои лебот свој, неговите деца чекаат попусто.
6 Предмет за исмејување Тој ме направи и секој може в лице да ми плукне.
7 Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат.
8 Ќе занемеат храбрите пред страдањето мое и невиниот ќе се дигне против безбожникот.
9 Но праведникот ќе се држи цврсто за својот пат, и оној со чисти раце ќе ја удвои силата своја.
10 Вратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар меѓу вас.
11 Деновите мои изминаа; замислите мои — тежина на срцето мое — пропаднаа.
12 А тие сакаат ноќта во ден да ја претворат и светлината брзо да дојде, кога мракот паѓа.
13 А мојата надеж е одењето в гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја;
14 на гробот ќе му речам: ти си ми татко, а на црвот — ти си ми мајка и сестра.
15 Каде е надежта моја? И кој може неа да ја види?
16 Ќе слезе таа во пеколот и заедно со мене во правот ќе почива.“