Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 16

:
Macedonian - 2006
1 Одговори Јов и рече:
2 „Сум се наслушал на такви рабо­ти; никакви утешители сте сите вие!
3 Ќе имаат ли крај празните збо­рови? И што те поттикнало да ми говориш така?
4 И јас можев да зборувам исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас;
5 би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал.
6 Ако говорам, скрбта моја не се ста­ложува; ако замолчам, зар ќе ме одмине?
7 Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад.
8 Ти ме покри со брчки, за сведош­тво против мене; мојата истоштеност се крева против мене, в лице ме прекорува.
9 Гневот Твој ме измачува и непријателствува против мене, ми чкрта со забите; непријателот ги впива очите во мене.
10 Ја отвориле устата против мене; навредувајќи ме, ме удираат по образите; сите направиле заговор против мене.
11 Бог ме предаде на беззаконикот и ме предаде во рацете на нечестивите.
12 Си бев спокоен, но Тој ме по­тресе; ме фати за вратот, ме затресе и ме постави за цел на Себеси.
13 Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја,
14 пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец.
15 Вреќиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја.
16 Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка,
17 иако во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста.
18 Земјо, не криј ја крвта моја; нека мојот повик насекаде се слушне.
19 И сега, ете, на небото Сведок имам; Застапникот ми е во висините!
20 Се потсмеваат со мене пријателите мои, а очите ми солзат пред Бога.
21 О, да можеше човек да се натпреварува со Бога, како синот човечки со својот ближен!
22 Зашто крајот на годините мои доаѓа; на пат без враќање треба да појдам.“