Job 152006

1Проговори Елифаз од Теман и рече:

2„Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар?

3Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила?

4Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.

5Твоите зборови вината Твоја ја пока­жуваат, се служиш со јазикот на лука­вите.

6Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.

7Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?

8Зарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил?

9Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?

10Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти.

11Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови?

12Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш?

13Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови?

14Што е човекот, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен?

15Ете, Тој и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи:

16толку повеќе е нечист и грешен човекот, кој го пие беззаконието како вода.

17Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум го видел,

18што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои,

19на кои им била дадена оваа земја, и меѓу кои туѓинец никогаш не стапнал.

20Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот;

21звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, непријателот налетува на него.

22Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч.

23За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт.

24Нужда и теснотија го застра­шуваат; навалуваат на него; како цар, готов за бој,

25затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Седржи­телот,

26се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови;

27затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои.

28И тој се населува во разурнати градови, во куќи, каде што не се живее и кои набрзо ќе станат урнатини.

29Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ќе се рашири по земјата.

30Нема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, во здивот на пламена уста ќе изчезне.

31Заблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суета ќе биде и платата негова.

32Тој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се раззеленат.

33Ќе го фрли тој како лоза неузреа­ното грозје свое, како маслинка ќе го истресе цветот свој.

34Така ќе опустее домот на нечес­тивиот, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото.

35Тој зачна зло и роди лага, во утробата своја подготвува измама.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Job 15.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.