Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Job 14

:
Macedonian - 2006
1 „Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји:
2 како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира.
3 И врз него ли ги отвораш Ти очите Свои, и пред Себе на суд го водиш?
4 Кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден!
5 Па кога дните му се определени, кога бројот на месеците од Тебе зависи, ако си му определил меѓа, преку која не може да мине,
6 тогаш оддалечи се од него: нека си здивне додека како наемник не го заврши денот свој.
7 За дрвото сепак има надеж, бидеј­ќи тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него не­престајно избиваат,
8 макар и да е остарен коренот не­гов во земјата, и пенушката да му замрела во прав,
9 но штом ќе осети вода, тоа дава младици и пушта фиданки, како да е одново посадено.
10 А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој?
11 Истечуваат водите од езерото, и реката секнува и пресушува:
12 така и човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да стане и нема да се разбуди од својот сон.
13 О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој, да беше ми одредил рок и после да си спомнеше за мене!
14 Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак? Во сите денови на одреденото време би чекал додека ми дојде смената.
15 Ти би викнал, и јас би Ти дал одго­вор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце;
16 а сега ги броиш стапките мои и го демнеш секој мој грев;
17 во свиток го запечати беззаконието мое, и секоја вина моја ја запиша.
18 Но планината паѓајќи се урива, и карпата се поместува од местото свое;
19 водата ги излижува камењата; сли­вот го одвлекува земниот прав: така ја уништуваш Ти и надежта на човекот.
20 Го притискаш докрај, и тој заминува; го менуваш лицето негово и го испраќаш.
21 На почит ли се децата негови тој не знае; унижени ли се тој не забе­лежува;
22 но плотта на него боледува, и душа­та во него страда.“