Jeremiah 482006

1За Моав вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: тешко на Нево, бидејќи ќе биде опустошен; Кир­јатаим ќе се осрамоти, и ќе се предаде; тврдината ќе се посрами и ќе се раз­урне.

2Ќе ја снема повеќе славата на Моав; во Есевон ќе преземаат зло против него: да отидеме за да го сотреме меѓу народите. И ти, Мадмене, ќе опустееш; меч ќе те гони.

3Се слушна пискот од Хоронаим, пустошење и сотирање големо!

4Моав е сотрен; пискот кренаа децата негови.

5На искачување кон Лухит се слуша непрестаен плач; слегувајќи од Хоро­наим, се слуша ужасен викот поради пропаста.

6Бегајте, спасувајте си ги животите свои и бидете како оголено дрво во пустина.

7Бидејќи ти се надеваше на делата свои и на ризниците свои, затоа ќе бидеш фатен, и Хамос ќе појде во ропство заедно со свештениците и со кнезовите свои.

8И ќе дојде пустошник врз секој град, и ниеден град нема да се одржи; ќе изумре долината и ќе запусти рамнината, како што вели Господ.

9Ставете му надгробна плоча на Моав, зашто сигурно ќе падне! Градо­вите негови ќе станат пустина, зашто ќе нема во нив кој да живее.

10Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господ, и нека е проклет кој го задржува мечот Негов од крв!

11Од младоста своја Моав беше спокоен, и се гордееше со својата слава, и не се преточуваше од сад во сад и во ропство не беше отишол; затоа во него си остануваше вкусот негов, и мирисот негов не се менуваше.

12Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе пратам врз него преливачи, што ќе го преливаат и ќе ги испразнат садовите негови и ќе ги скршат стомните негови.

13Па ќе биде посрамен Моав заради Хамос, како што беше посрамен домот Израелов поради Ветил, надежта негова.

14Зошто вие велите: ние сме луѓе храбри и силни сме во бој?

15Моав е сотрен, и градовите негови горат, и одбраните момчиња негови појдоа на клање, вели Царот — Господ Саваот е името Негово.

16Блиска е погибелта на Моав, и брза неговото зло.

17Сожалете го сите негови соседи, и сите што го знаете името негово, речете: како се здроби моќниот жезол и славниот скиптар!

18Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, ќерко, жителко на Дивон, бидејќи пустош­никот на Моав ќе дојде кај тебе и ќе ги разруши тврдините твои.

19Застани на патот и погледај ти, која живееш во Ароер, прашај го оној, што бега, и онаа, што гледа да се избави: што станува?

20Засрамен е Моав, зашто е сотрен; плачете и викајте, соопштете во Арнон дека Моав е опустошен.

21И суд дојде врз рамнината, врз Холон, врз Јахца и врз Мефаат,

22врз Дивон, врз Нево и врз Бет-Ди­в­латаим,

23врз Кирјатаим, врз Бет-Гамул и врз Бет-Меон,

24врз Кериот, врз Восор и врз сите градови на земјата моавска, далечни и блиски.

25Одбиен е рогот на Моав и раката негова е скршена, вели Господ.

26Опијте го, зашто тој се крена против Господ; нека се валка Моав во блуеницата своја, и сам ќе стане за пот­смев.

27Зар не стана кај тебе Израел за потсмев? Зар тој беше фатен меѓу крадците, па ти, кога зборуваше за него, само ја мавташе главата?

28Жители моавски, оставете ги градо­вите и живејте по карпите и бидете како гулаби, кои вијат гнезда кај влезот на пештера.

29Чувме за гордоста на Моав, гордост прекумерна, за неговата самоувереност и неговата надуеност, за неговото фале­ње и за горделивото негово срце.

30Ја знам Јас дрскоста негова, вели Господ, празна е неговата фалба, лажни се неговите дела!

31Затоа, ќе плачам за Моав и ќе пиштам за целиот Моав; ќе воздивнувам за оние во Кир-Херес.

32Ќе плачам за тебе, лозо сивмајска, како што плачев за Јазер; твоите лозинки се протегаа преку морето, стигаа до езерото јазерско; сотирачот ги нападна твоите летни производи и зрелото грозје.

33Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата моавска. Јас ќе на­правам виното во бурињата да заврши; никој веќе нема да гази во каци со песни; боен повик ќе има, а не радосен вик.

34Од пискотот на Есевон до Елале и до Јахца тие ќе креваат глас, од Сигор до Хоронаим и до Еглат-Шелишија, бидејќи и водите на Нимрим ќе пре­сушат.

35Ќе ги сотрам во Моав, вели Господ, оние што принесуваат жртви по незна­божечките светилишта и кои им кадат на боговите.

36Затоа срцето Мое ќе пишти за Моав како свирка, за жителите во Кир-Херес, срцето ќе им биде како свирка, бидејќи сите добра од нивните богатства пропаднаа;

37на секого главата ќе му биде гола и на секого брадата поткастрена, кај сите на рацете ќе има зарези, а околу бедрата вреќиште.

38По сите покриви на Моав и по неговите улици ќе има само плач, бидејќи Јас го уништив Моав, како непотребен сад, вели Господ.

39Како е сотрен тој, ќе речат, пла­чејќи; како Моав се покри со срам, кога го сврти тилот, и ќе биде Моав за пот­смев и ужас, за сите, што го опкру­жуваат,

40зашто вака вели Господ: ете, како орел ќе слета тој и ќе ги рашири крилјата над Моав.

41Градовите ќе бидат победени и тврдините освоени, а срцето на храбрите Моавци ќе биде во оној ден како срце на жена, што се измачува при породување.

42И ќе биде истребен Моав меѓу на­родите, бидејќи се крена против Господ.

43Страв, јама и стапица околу тебе — жителу моавски, вели Господ.

44Кој ќе избега од ужасот, ќе падне во јама; а кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; бидејќи ќе ја испратам врз него, врз Моав годината на нивната казна, вели Господ.

45Под сенката на Есевон премалени­те бегалци. Но оган излезе од Есевон, и пламен среде Сихон, па ќе го изгори крајот на Моав и темето на немирните синови.

46Тешко тебе, Моаве! Пропадна на­родот од Хамос, бидејќи синовите твои ти ги одведоа во ропство, и ќерките твои — во плен.

47Но во последните дни ќе ги вратам моавските заробеници, вели Господ. До­тука е судот за Моав.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Jeremiah 48.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.