Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Jeremiah 47

:
Macedonian - 2006
1 Слово Господово што дојде до пророкот Еремија за Филис­тејците, пред фараонот да ја порази Газа.
2 Така вели Господ еве, се креваат од север води, што ќе се претворат во буен поток и ќе ја потопат земјата и сѐ што ја исполнува, градот и жителите во не­го: тогаш ќе повикаат луѓето и ќе заплачат сите жители на земјата.
3 Од тропотот на копитата од силните коњи и од татнежот на неговите коли, од чкртањето на тркалата нивни, тат­ковците не ќе можат да управат поглед кон децата свои, бидејќи рацете нивни ќе им отпаднат
4 од оној ден што ќе дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејќи Господ ќе ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор.
5 Ќе оќелавее Газа, ќе пропадне Аш­келон и остатокот од нивната долина.
6 До кога ќе сечеш, о мечу Господов, кога ќе престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се.
7 Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Ашкелон и против морскиот брег; кон кои Тој го насочи.