1Слово што пророкот Еремија му го кажа на Варух, синот Нириев, кога тој ги запиша во книга овие зборови од устата на Еремија, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев —
2„Вака вели Господ, Бог Израелов, за тебе, Варух:
3ти велиш — ‚тешко мене! зашто Господ ми придодаде кон болката моја; изнемоштен сум од воздишки и спокој немам.‘
4Кажи му вака: така вели Господ — еве, што сум направил, ќе разрушам, и, што сум посадил ќе искорнам — целава оваа земја.
5А ти за себе сакаш нешто големо — не барај; бидејќи еве, Јас ќе испратам неволја врз секое суштество, вели Господ, а тебе ќе ти го подарам животот како да ти е плен, насекаде каде и да појдеш.“