Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 44

:
Macedonian - 2006
1 Дојде слово Господово до Еремија за сите Јудејци, кои живеат во египетската земја, населени во Мигдол, Тафнис, Мемфис и во земјата Пат­рос за да каже:
2 вака вели Господ Саваот, Бог Израе­лов: „Вие ја видовте сета несреќа, што ја испратив врз Ерусалим и врз сите градови јудејски; ете, тие се сега запус­тени и никој не живее во нив,
3 поради нивната злоба, што згрешија, откако Ме разгневуваа, одејќи да кадат и да служат на други богови, што не ги познаваа ни тие, ни вие, ниту татков­ците ваши.
4 И ги праќав кај вас сите слуги Мои пророците, ги праќав од рано утро, за да ви кажат: ‚Не правете го тоа гнасно дело, што Ми е одвратно.‘
5 Но тие не го приклонија увото и не слушаа, за да се одвратат од своето зло, да не кадат на други богови.
6 И Мојата јарост и Мојот гнев се излеа и се разгори врз градовите на Ју­деја и по ерусалимските улици; тие станаа урнатини и пустелија, како што гледате сега.
7 А сега, вака вели Господ, Бог Са­ваот, Бог Израелов: зошто го вршите тоа големо зло на душите свои, истребувајќи ги помеѓу себе мажите и жени­те, возрасните, децата и младинците во Јудеја, за да не оставите остаток, па,
8 бидејќи Ме разгневувате со делата на рацете свои, со кадењето пред други богови во земјата египетска, каде што дојдовте да живеете, та да се погубите самите себе и да станете за проклетство и укор кај сите народи по земјата?
9 Зар го заборавивте нечестието на вашите татковци и нечестието на јудеј­ските цареви, вашето сопствено нечес­тие и нечестието на вашите жени, што го вршеа во земјата јудејска и по еруса­лимските улици?
10 Но, тие не се смирија ни до денес, не се плашат и не одат по Мојот закон и по Моите наредби, што ви ги дадов вам и на татковците ваши.
11 Затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: еве, ќе го свртам против вас лицето Свое за погибел и за да ја истребам цела Јудеја,
12 и ќе го земам остатокот Јудин што реши да замине во земјата египетска и да живее таму, и ќе бидат истребени сите; ќе паднат во земјата египетска и со меч и со глад ќе бидат истребени; мало и големо ќе умрат од меч и од глад, и ќе бидат изложени на проклетство и ужас, за поруга и укор.
13 Ќе ги казнам оние што живеат во земјата египетска, како што го казнив Ерусалим, со меч, со глад и со помор,
14 и никој нема да избега и нема да се спаси од остатокот на Јудејците, кои дојдоа во земјата египетска, за да жи­веат таму и потоа да се вратат во земјата јудејска, каде што од сѐ срце сакаа да се вратат, за да живеат таму; никој нема да се врати освен оние што ќе побегнат оттаму.“
15 И сите мажи, кои знаеја дека же­ните нивни им кадат на други богови, и сите жени, што стоеја таму во големо множество, и сиот народ кој живееше во земјата египетска, во Патрос, му одговорија на Еремија и му рекоа:
16 „Зборот, што ни го кажа во името Господово, ние не го слушаме;
17 туку ќе правиме сѐ што е излезено од устите наши: ќе ѝ кадиме на Небес­ната кралица и ќе ѝ правиме преливи, како што го правевме тоа, ние и предците наши, царевите наши и кнезовите наши, по градовите на Јудеја и по ули­ците ерусалимски, бидејќи тогаш бевме сите во добра состојба и беди не видов­ме;
18 и, откако прекративме да ѝ кадиме на Небесната кралица и да ѝ правиме преливи, трпиме секакви скудности и загинуваме од меч и од глад.
19 И кога ѝ кадиме на Небесната кра­лица и ѝ принесуваме преливи, зар без знаење на нашите мажи ѝ правиме лепчиња со нејзиниот лик или принесуваме преливи?“
20 Тогаш Еремија му рече на сиот народ, на мажите и жените, и на сиот народ што така му одговараше:
21 „Зар Господ не си спомна за ка­дењето, што го извршувавте во јудеј­ските градови, по улиците ерусалимски, вие и предците ваши, царевите ваши, кнезовите ваши и народот од земјата, и зар не влезе тоа во срцето Не­гово?
22 Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ваша стана пустина, ужас и проклет­ство, без жители, како што гледате сега.
23 Затоа што кадевте и Му грешевте на Господ, не го слушавте гласот на Господ и не одевте според законот Не­гов, по наредбите Негови и по запове­дите Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега.“
24 Тогаш Еремија му рече на сиот народ и на сите жени: „Чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што сте во земјата египетска;
25 вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов: сѐ што зборувавте со устата, тоа и со раце го правевте вие и жените ваши; вие велите: ‚да ги исполнуваме нашите завети, што ги ветивме, да ѝ кадиме на Небесната кралица и да ѝ принесуваме преливи.‘ Навистина, вашите завети ги одржавте и ги извршивте точно вашите ветувања.
26 Затоа сега чујте го словото Госпо­дово, вие, сите Јудејци, што живеете во земјата египетска: еве, Јас се заколнав во Своето велико име, вели Господ, дека во сета египетска земја нема по­веќе да се изговара името Мое од устата на кој и да било Јудеец, за да рече: ‚жив да е Господ Бог!‘
27 Еве, Јас ќе бдеам над вас за казна, а не за добро, и сите Јудејци во земјата египетска ќе загинат од меч и од глад, сѐ додека не бидат наполно истребени.
28 Само малкумина што ќе се избават од мечот ќе се вратат од земјата египетска во јудејската земја, а сите други Јудејци, што отидоа во земјата египет­ска, за да поживеат таму, ќе дознаат чии зборови ќе се исполнат: моите или нивните.
29 И, еве ви знак, вели Господ, дека ќе ве посетам на тоа место, за да знаете дека ќе се исполнат зборовите Мои за вас, за ваша казна.
30 Така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам египетскиот цар, фараонот Хофра, во рацете на непријателите не­гови и во рацете на оние, што ја бараат душата негова, онака како што го предадов јудејскиот цар Седекија во ра­цете на вавилонскиот цар Навуходо­носор, непријателот негов, кој ја бараше душата негова.“