Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 30

:
Macedonian - 2006
1 Слово Господово што дојде до Еремија
2 вака вели Господ, Бог Израелов: запиши ги во книга сите зборови, што ти ги кажав.
3 Зашто, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе го вратам од ропство Мојот народ, Израел и Јуда, вели Господ; и повторно ќе ги доведам во земјата, што им ја дадов на предците нивни, и тие ќе ја владеат.
4 А еве ги зборовите, што ги изрече Господ за Израел и за Јуда.
5 Вака вели Господ: глас од смут и ужас слушаме ние, а не мир.
6 Прашајте и размислете: раѓа ли маж? А зошто гледам при секој човек рацете да му се на бедрата како при жена, кога раѓа, и лицата на сите да им се бледи?
7 О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јаков, но тој ќе биде избавен од него.
8 И во оној ден, вели Господ Саваот, ќе го здробам јаремот негов, што му е околу вратот, и твоите окови ќе ги раскинам; па повеќе нема да служи на туѓинци,
9 туку ќе Му служите на својот Господ Бог и на царот свој Давид, кого што ќе им го издигнам.
10 И ти, слуго мој Јакове, не бој се, вели Господ, и не плаши се, Израелу, зашто еве, Јас ќе те избавам тебе од земјата далечна и племето твое од земјата на ропството; па ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно и нема никој да го заплашува,
11 зашто Јас сум со тебе, вели Господ, за да те избавувам: Јас наполно ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ќе те казнам по мерка, и неказнет нема да те оставам.
12 Зашто така вели Господ: твојата ра­на не е излечива, болката ти е жестока;
13 никој не се грижи за твоето дело, за да ти ја излекува раната; за тебе лек нема;
14 сите пријатели твои те заборавија, не те бараат, бидејќи Јас те удрив со непријателски удари, со жестока казна за многуте твои беззаконија, бидејќи гревовите твои се намножија.
15 Зошто викаш поради раните свои, од лутината на твојата болест? За многуте твои беззаконија ти го направив тоа, зашто гревовите твои се на­множија.
16 Но сите, што те голтаат, ќе бидат проголтани; и сите твои непријатели ќе појдат во ропство, и твоите пустош­ници ќе бидат опустошени, и сите твои грабачи ќе ги предадам на грабеж.
17 Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те наре­куваа отфрлен, велејќи: „Еве го Сион, за кого никој не прашува.“
18 Така вели Господ: еве, ќе ги вратам заробените од шаторите на Јаков и ќе се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ќе биде изграден на својот рид, а и храмот ќе биде обновен, како што си беше.
19 И ќе се крене од нив благодарност и глас на весели луѓе; и Јас ќе ги раз­множам, и нема да се намалуваат, па ќе ги прославам, и нема да бидат понизени.
20 И синовите негови ќе бидат како порано, и собранието негово ќе стои пред Мене, а ќе ги казнам сите негови угнетувачи.
21 И ќе излезе од него водач, и владетел негов ќе произлезе од него; и Јас ќе го привлечам, па ќе дојде кај Мене; зашто кој е тој што сам од себе прис­тапува до Мене? вели Господ.
22 И вие ќе бидете Мој народ, а Јас ќе ви бидам Бог.
23 Еве, виорот на јароста од Господ доаѓа, виор страшен; ќе падне врз гла­вите на безбожниците.
24 Пламениот гнев на Господ нема да стивне, сѐ додека не ја изврши и не ја исполни замислата на срцето Свое. Во последните дни ќе го разберете тоа.