Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 29

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Еремија го испра­ти од Ерусалим до другите старешини меѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навухо­доносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон,
2 откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеја и на Ерусалим, др­воделците и ковачите,
3 преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гемарија, синот на Хелкија, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навухо­доносор,
4 вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон
5 правете куќи и живејте во нив, саде­те градини и јадете ги плодовите нивни;
6 женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерки и мажете ги, за да раѓаат синови и ќерки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате.
7 Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; зашто ако му е нему добро, и вие ќе имате мир.
8 Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите баја­чи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате.
9 Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ.
10 Бидејќи така вели Господ кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место.
11 Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.
12 Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам;
13 ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце.
14 Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив.
15 Вие велите: „Господ ни издигна пророци и во Вавилон.“
16 Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браќата ваши, што не се одведени со вас во ропство.
17 Вака вели Господ Саваот за нив еве, ќе испратам врз нив, меч, глад и помор и ќе ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради неугодниот вкус;
18 и ќе ги гонам со меч, глад и помор и ќе ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за пот­смев и навреда меѓу сите народи, каде што ќе ги расејам,
19 поради тоа што не ги слушаа збо­ровите Мои, вели Господ, што ги пра­ќав до нив преку слугите Мои, пророците, ги праќав од рано утро, но не послушавте, вели Господ.
20 А вие, сите изгнаници, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово:
21 вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов, за Ахав, синот на Колаја, и за Седекија, синот на Маасеја, кои ви пророкуваат лага во Мое име: еве, Јас ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе ги убие пред очите ваши.
22 И сите прогонети Јудејци, кои се во Вавилон, ќе се научат од нив да колнат: „Да ти направи Господ, како што им направи на Седекија и на Ахав, кои ва­вилонскиот цар ги изгоре со оган,“
23 поради тоа што вршеа гнасни ра­боти во Израел: прељубодејствуваа со жените на ближните свои и во Мое име кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.
24 И на Шемаја од Нехелам речи му:
25 вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов: поради тоа што во свое име праќаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син на Маасеја, и до сите свештеници, велејќи:
26 Господ те поставил за свештеник наместо свештеникот Јодај, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господов, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш на клада.
27 Зошто не му забраниш на Еремија од Анатот да пророкува кај вас?
28 Заради тоа и до нас во Вавилон испрати да кажат: „Ропството ќе трае долго правете куќи и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни.“
29 Кога свештеникот Софонија го прочита тоа писмо на глас пред пророкот Еремија,
30 тогаш дојде слово Господово до Еремија:
31 Испрати, па кажи им на сите из­гнаници вака вели Господ за Шемаја од Нехелам бидејќи Шемаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви кажува лажна надеж,
32 затоа, вака вели Господ: еве, ќе го посетам Шемаја од Нехелам и племето негово; ќе нема од него човек да живее меѓу овој народ и нема да го види доб­рото, што ќе му го направам на Мојот народ, вели Господ зашто тој зборува за бунт против Господ.