Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 3

:
Macedonian - 2006
1 Ако мажот си ја остави жената, и таа си замине и стане жена на друг маж, може ли пак да се врати кај него? Нема ли со тоа да се оскверни таа земја? А ти со мнозина милосници блудствуваше, и при сето тоа ќе се враќаш кај Мене? вели Господ.
2 Крени ги очите кон идолските светилишта и гледај каде ли не блудствувале со тебе? Како Арапин во пус­тина седеше ти по патиштата заради нив, и ја осквернуваше земјата со твојот блуд и со твојата грешност.
3 Заради тоа беа запрени дождовите и немаше пролетен дожд; но ти имаше чело на блудница, не сакаше да се за­срамиш.
4 Не викаш ли сега кон Мене: „Оче, Ти беше пријател на младоста моја.“
5 Зар Тој вечно ќе се лути, ќе пламти ли вечно гневот Негов? Ете, што зборуваш ти, а вршиш зло и продолжуваш така!
6 Господ ми рече во дните на царот Јошија: виде ли ти, што врши отстапницата, ќерката Израелова? Таа оди на секоја висока гора и под секое лиснато дрво, и таму блудствува.
7 И откако таа го вршеше сето тоа, Јас мислев дека таа ќе се врати кај Ме­не, но таа не се врати; и го виде тоа нејзината вероломна сестра Јудеја.
8 И видов дека, кога заради сите прељубни дејствија на отстапницата, ќерката Израелова, Јас ја напуштив и ѝ дадов разводно писмо, вероломната ѝ сестра Јудеја не се исплаши, туку отиде и сама блудствуваше.
9 И со јавното блудно дејствување таа ја оскверни земјата, и прељуба вршеше и со камен и со дрво.
10 Но при сето тоа нејзината вероломна сестра Јудеја не се обрати кон Мене од сѐ срце, туку само привидно рече Господ.
11 И ми рече Господ: отстапницата, ќерката Израелова, излезе поправа, отколку вероломната Јудеја.
12 Оди и разгласи ги тие зборови кон север и кажи: врати се, отстапнице, ќерко Израелова вели Господ. Јас не­ма да го излијам врз вас Мојот гнев; зашто Јас сум милостив, вели Господ нема вечно да негодувам.
13 Признај ја само вината своја: зашто отстапи од Твојот Господ Бог и се од­влечка со туѓинци под секое лиснато дрво, а Мојот глас не го слушаше, вели Господ.
14 Вратете се деца отстапници, вели Господ, зашто Јас сум ваш Господар и ќе земам од вас по еден од град и по двајца од племе и ќе ве одведам на Сион.
15 И ќе ви дадам според срцето Мое пастири, кои ќе ве пасат со знаење и благоразумност.
16 И кога ќе се размножите и ќе ста­нете многуплодни на земјата, тогаш, ве­ли Господ, нема повеќе да велите: Ков­чегот на заветот Господов, ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ќе доаѓаат кај него, ниту пак повторно ќе го градат.
17 Во тоа време Ерусалим ќе го наре­чат престол на Господ, и сите народи заради името Господово ќе се соберат во Ерусалим и нема повеќе да постапуваат според тврдоглавоста на своето зло срце.
18 Во тие дни Јудиниот дом ќе дојде при Израеловиот дом, и ќе дојдат заедно од северната земја во земјата што Јас им ја дадов во наследство на предците ваши.
19 И реков Јас: „Како да те поставам меѓу синовите и да ти ја дадам многу саканата земја, најпрекрасното наследство на многуте народи?“ И мислев: „Ти ќе Ме нарекуваш твој Отец и нема да отстапиш од Мене.“
20 Но, навистина, како што жена вероломна го изневерува сопругот свој, така вероломно постапивте со Мене вие, доме Израелов, вели Господ.
21 Нека се чуе глас по идолските све­тилишта, жален плач на Израеловите синови, затоа што тие скршнаа од својот пат, Го заборавија Господа, нивниот Бог.
22 Вратете се, синови одметници: Јас ќе го излекувам вашето непокорство. Еве, ние идеме кај Тебе, зашто Ти си Господ, Бог наш.
23 Навистина, напразно се надевавме на ридовите и на многуте гори; на­вистина, во нашиот Господ Бог е Израеловото спасение!
24 Уште од млади години таа гадотија ги уништуваше трудовите на нашите предци, овците и воловите нивни, сино­вите и ќерките нивни.
25 Ние лежиме во својот срам, а наши­от срам нѐ покрива, зашто грешевме пред нашиот Господ Бог, ние и татков­ците наши, уште од младите години на­ши дури до овој ден. И не го слушавме гласот на Господ, нашиот Бог.