Jeremiah 42006

1Ако сакаш да се обратиш, Израеле, вели Господ, обрати се кон Мене; и ако ги отклониш гадотиите од пред Моето лице, и престанеш да скиташ,

2и ако се заколнеш: вистински верно и праведно: жив е Господ, тогаш народите ќе бидат благословени и со Него ќе се фалат.

3Зашто вака им вели Господ на луѓето од Јудеја и од Ерусалим: изорај­те си нови ниви и не сејте меѓу трње.

4Обрезете се заради Господ и симнете го крајчето од срцето свое, луѓе Јудини и ерусалимски жители, за да не се јави Мојот гнев како оган и да не пламне неизгасливо поради вашите злодела.

5Објавете во Јудеја, и разгласете во Ерусалим, говорете и трубете со труба по земјата; викајте силно и велете: соберете се, и да влеземе во утврдените градови.

6Кренете го знамето кон Сион — бе­гајте, не запирајте се, зашто Јас ќе донесам од север зло и голема погибел.

7Излегува лав од својот честар, тргнува истребителот на народите: тој излегува од местото свое, за да ја напра­ви земјата твоја пустина, градовите твои ќе бидат сосипани, ќе останат без жители.

8Затоа опашете се со вреќиште, пла­чете и ридајте: јароста на Господовиот гнев не се одврати од нас!

9И во тој ден, вели Господ, ќе замре срцето на царот и срцето на кнезовите, ќе се ужаснат свештениците и ќе се вчудоневидат пророците.

10И реков: „О, Господи Боже, зар Ти само го лажеше овој народ и Ерусалим кога велеше: ‚мир ќе има кај вас‘; а, меч допре до гушата?“

11Во тоа време ќе му биде речено на тој народ и на Ерусалим: топол ветар дува од пустинските височини врз патот на ќерката на Мојот народ, не за да вее, ниту да очистува.

12И оттаму ќе дојде ветар посилен од овој, и Јас ќе искажам суд над нив.

13Ете, се крева тој како облак, и ко­лите му се како виор, коњите му се побрзи од орли; тешко ним! Зашто ќе бидат сосипани!

14Измиј го злото од срцето свое, Ерусалиме, за да се спасиш: до кога ќе борават во тебе злосторнички мисли?

15Зашто веќе се разнесува глас од Дан, и погибелна вест — од Ефремовата Гора:

16јавете им на народите, известете го Ерусалим дека идат од далечна земја опсадувачи и со викања ги заземаат гра­довите на Јудеја.

17„Како чувари на нивите го оградуваат од сите страни, зашто тој се крена против Мене, вели Господ.

18Тоа ти го направија твоите патишта и делата твои; од твојата нечесност ти е толку горчливо, што допира до срцето твое.“

19„Утробо моја! Утробо моја! Нажа­лен сум до дното на срцето свое, се бранува во мене срцето мое, не можам да молчам; зашто ти слушаш, душо моја, звук од труба, боен повик.

20Зло по зло, целата земја се опусто­шува, ненадејно беа соборени шаторите мои, за миг — колибите мои.

21До кога ќе гледаме знаме, и ќе слу­шаме трубен звук?

22Тоа произлегува оттаму, што вода­чите на Мојот глупав народ не Ме по­знаваат: тие се безумни синови, и нема во нив расудување: вешти се за зло, но не умеат да вршат добро.

23Ја гледам земјата — и ете, таа е разорена и пуста, — небесата, и нема на нив светлина.

24Ги гледам горите — и ете, тие тре­перат, и сите ридови се нишаат.

25Гледам — и ете, нема човек и сите небески птици одлетале.

26Гледам — и ете, плодното поле е пус­тина, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, од јароста на гне­вот Негов.

27Зашто вака рече Господ: — целата земја ќе биде опустошена, но целосно истребување нема да извршам.

28Ќе заплаче земјата поради тоа, и небесата ќе се затемнат, зашто Јас ре­ков, Јас решив, и нема да се покаам, ниту ќе отстапам од тоа.

29Од викот на коњаници и на стрелци ќе се разбегаат сите градови: тие ќе отидат во густи шуми и ќе се искачат на карпи; сите градови ќе бидат напуш­тени, и во нив никој нема да живее.

30А ти, опустошена, што ќе правиш? Макар и да се облекуваш во пурпур, и да се украсуваш со златни накити, да си ги украсуваш со боја очите свои — залудно ќе се украсуваш: те презираат љу­бовниците твои — душата ти ја бараат.

31Зашто Јас слушам глас како од же­на при породување, стенкање како на прворотка, глас на ќерката Сионска; таа стенка, протегајќи ги рацете: о, тешко мене, душата моја примира пред убијците!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Jeremiah 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.