Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 18

:
Macedonian - 2006
1 Слово Господово што дојде до Еремија:
2 стани и слези во домот на грнчарот, и таму ќе ти ги кажам зборовите Мои.
3 Слегов во домот на грнчарот, а тој ја вршеше својата работа на тркалото.
4 Садот, пак, што го правеше грн­чарот од глина, се растури во рацете не­гови. Но тој одново направи од него друг сад, како што му падна на ум да направи.
5 И дојде слово Господово до мене:
6 доме Израелов, не можам ли да пос­тапам со вас како овој грнчар? рече Господ. Ете, како што е глината во ра­цете на грнчарот, тоа сте и вие во раце­те Мои, доме Израелов.
7 Понекогаш велам Јас за некој народ и царство дека ќе го искоренам, ќе го згазам и погубам;
8 но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум на­мислил да го направам.
9 А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ќе ги подигнам и ќе ги зацврстам;
10 но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ќе го повлечам доброто, со кое сум намислил да го дарувам.
11 Па така, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски: вака вели Господ еве, Јас ви подготвувам зло и смислувам нешто против вас; затоа повратете се секој од својот лош пат и исправете ги патиштата свои и постапките свои.
12 Но тие велат: „Не надевај се; ние ќе си живееме како што сакаме и секој од нас ќе постапува според своето закоравено зло срце.“
13 Затоа вака вели Господ: распра­шајте се меѓу народите, дали чул некој нешто слично? Многу гнасни дела из­врши Израеловата девојка.
14 Ги напушта ли леванонскиот снег планинските карпи, и секнуваат ли по други места течните студени води?
15 А Мојот народ Ме остави; кади на суети, се сопнува на своите патишта, ги остава старите патишта, за да оди по патеки, по непрооден пат,
16 за да ја направи земјата своја ужас, вечен срам, така што секој што ќе ми­нува преку неа да се чуди и да мавта со главата.
17 Како источен ветар ќе ги распрснам пред непријателот; со грбот, а не со ли­цето Свое ќе се свртам кон нив во денот на нивната неволја.
18 А тие рекоа: „Дојдете да направиме заговор против Еремија; зашто нема да исчезне законот на свештеникот и советот на мудриот и зборот на пророкот, дојдете да го убиеме за да не ги слуша­ме веќе неговите зборови.“
19 Послушај ме, Господи, и чуј што говорат моите противници.
20 Треба ли да се враќа зло за добро? А тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стоев пред лицето Твое, за да зборувам добро за нив, за да го од­вратам од нив гневот Твој.
21 И така, предај ги синовите нивни на глад и направи да загинат од меч; же­ните нивни да немаат деца и да станат вдовици, мажите нивни да умираат, а младинците нивни да бидат убивани во бој.
22 Нека се слуша пискот од куќите нивни, кога ненадејно ќе им испратиш чета насилници; зашто тие ископаа ја­ма, за да ме фатат, и тајно поставија замка за нозете мои.
23 Но Ти, Господи, им ги знаеш сите нивни сплетки против мене, за да ме убијат; не проштевај ги неправдите нивни, и не бриши го гревот нивни, пред лицето Свое; нека попаѓаат пред Тебе; пресметај се со нив додека си гневен.