Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 15

:
Macedonian - 2006
1 И ми рече Господ: да беа застанале пред лицето Мое дури Мојсеј и Самоил, душата Моја пак не­маше да се приклони кон тој народ; избркај ги од пред лицето Мое, нека си одат.
2 Ако, пак, те прашаат: „Каде да оди­ме?“ кажи им: вака вели Господ кој е за смрт, нека оди во смрт: и кој е за меч под меч; кој е, пак, за глад на глад; и кој е за ропство во ропство.
3 И ќе испратам врз нив четири вида смрт, вели Господ: меч за да ги убива, кучиња, за да ги раскинуваат, небески птици, и полски ѕверови, за да ги изедуваат и истребуваат.
4 И ќе направам да се ужасуваат од нив сите земни царства заради она што го изврши Манасија, синот на Јудејскиот цар Езекија, во Ерусалим.
5 Зашто, кој ќе те пожали, Еру­салиме, кој ќе ти изјави сочувство, и кој ќе наврати до тебе, за да те праша доб­ро ли ти е?
6 Ти Ме остави, вели Господ, отстапи; затоа, ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те погубам; се уморив, простувајќи ти.
7 Јас ќе ги одвеам со вејачка пред портите на земјата, ќе ги лишам од деца, ќе го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта.
8 Ќе има кај нив вдовици многу по­веќе од морскиот песок; ќе испратам врз нив, врз мајката на младите, униш­тувач попладне, ненадејно ќе ги опфати страв и ужас.
9 Ќе изнемогне онаа што лежи, која родила седум, ќе го предава духот; уште во текот на денот ќе зајде сонцето неј­зино; таа е смутена и посрамена. И ос­танатите ќе ги предадам на меч пред очите на нивните непријатели, вели Господ.
10 Тешко мене, мајко моја, зошто ме роди човек, кој се расправа и се кара со целата земја! Никому не сум давал со лихва и мене никој не ми давал, а сите ме проколнуваат.
11 Господ рече: крајот ќе ти биде до­бар, и Јас ќе го присилам непријателот твој да постапува со тебе добро во вре­мето на бедата и за време на жалоста.
12 Може ли железо да се скрши, се­верно железо и бакар?
13 Твојот имот и твоите богатства ќе ги предадам на разграбување, без цена, заради сите твои гревови, во сите твои предели.
14 И ќе те одведам со непријателите твои во земја, што не ја познаваш; зашто оган се разгоре од Мојот гнев, ќе гори над вас.
15 О Господи! Ти сѐ знаеш; сети се за мене и посети ме, и одмазди се за мене на моите гонители; според Својата тр­пеливост, не погубувај ме; Ти знаеш дека заради Тебе поднесувам потсмев.
16 Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое; зашто името Твое е призивано врз мене, Господи Боже Саваот.
17 Не, во друштво со подбивачи не сум се веселел: со Твојата тешка рака врз мене седев сам, бидејќи Ти ме разнесе со јарост.
18 Зошто е толку долготрајна болката моја, и раната моја е толку неизлечива, и никако да се залечи? Зар Ти ќе бидеш за мене како лажлив извор, како неверна вода?
19 Затоа, вака рече Господ: ако се обратиш, ќе те поставам пак на нозе и ќе стоиш пред лицето Мое; и, ако го одвоиш скапоценото од безвредното, ќе бидеш како Моја уста. Тие сами ќе се свртуваат кон тебе, а не ти да се обра­ќаш кон нив.
20 И за тој народ ќе те направам силен бронзен ѕид; тие ќе војуваат против те­бе, но нема да те победат, бидејќи Јас сум со тебе, за да те спасувам и да те из­бавувам, вели Господ.
21 И ќе те спасам од рацете на злодеј­ците и ќе те избавам од рацете на на­силниците.