1Како оган што растопува восок, како од оган што вода зоврива, така ќе го познаат името Твое непријателите и од Твоето лице ќе затреперат народите.
2Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, — гори се топеа од Твоето лице.
3Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат.
4Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени?
5Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда — како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат.
6Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Твое од нас и нѐ остави да гинеме од беззаконијата наши.
7Но сега, Господи, Ти си наш Татко; ние сме глина, а Ти — наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце.
8Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ.
9Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустина стана Сион; Ерусалим е опустошен.
10Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа.
11По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка?