Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 65

:
Macedonian - 2006
1 Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме бараа: „Еве Ме, еве Ме!“ му велев на народ, кој не го повикуваше името Мое.
2 Секогаш ги протегав рацете Свои кон непокорниот народ, кој одеше по лош пат, по своите помисли,
3 кон народ, кој постојано Ме навредува в лице, принесува жртви во градините и пали темјан на црепчиња,
4 седи во гробови и ноќева во пеш­тери; јаде свинско месо, а во садовите негови има гнасно вариво;
5 кои велат: „Застани, не доближувај се до мене, зашто сум свет за Тебе.“ Тие се дим на ноздрите Мои оган што гори секој ден.
6 Ете, што е напишано пред лицето Мое: нема да премолчам, туку ќе от­платам, ќе отплатам во пазувата нивна,
7 за нивните беззаконија, вели Господ, и заедно со беззаконијата на татковците нивни, кои кадеа темјан по планините, и по ридовите Ме навредуваа, ќе им одмерам полна плата во пазувите нивни и за нивните поранешни дела.
8 Вака вели Господ: „Како што во гроздот има сок, и велат не го повредувај, зашто во него има благослов; исто ќе направам и за Моите слуги, и нема сите да ги погубам.
9 И ќе произведам од Јаков потом­ство, а од Јуда наследник на Моите гори; и тоа ќе го наследат Моите избрани, таму ќе живеат слугите Мои.
10 И Сарон ќе биде пасиште за овци, а долината Ахор пладниште за говедата на Мојот народ, кој Ме побара.
11 А вас, кои Го оставивте Господа, ја заборавивте Мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мене,
12 вас ве определив за меч, сите ќе се наведнете за колење, зашто викав и не одговаравте, говорев не слушавте, но вршевте зло пред очите Мои и го избиравте она, што не беше по волјата Моја.“
13 Затоа вака вели Господ Бог: „Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие ќе гладувате; слугите Мои ќе пијат, а вие ќе се измачувате од жед;
14 слугите Мои ќе се веселат, а вие ќе бидете во срам; слугите Мои ќе пеат од срдечна радост, а вие ќе пиштите од срдечна жалост и ќе плачете од маката во вашиот дух.
15 И ќе им го оставите името свое на Моите избрани за проклетство; тебе ќе те убие Господ Бог, а слугите Свои ќе ги нарече со друго име,
16 оној, што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог; и кој се колне на земјата, нека се колне со вистинскиот Бог, зашто по­ранешните жалости ќе бидат заборавени и сокриени од Моите очи.“
17 „Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема по­веќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат.
18 А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што Јас го создавам: зашто, ете, Јас ќе го создадам Ерусалим за веселба, а народот негов за радост.
19 Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ; и нема повеќе да се чуе во него глас од плачење и глас од пискот.
20 Таму веќе нема да има новороденче кое живее кратко, ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; тој што ќе умре на сто години ќе се смета за мом­че, а оној што ќе живее помалку од сто години ќе се смета за проколнат.
21 Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни.
22 Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои.
23 Нема да се трудат напразно и да ра­ѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе благословено од Господ, и потомците нивни со нив.
24 И пред тие да повикаат, Јас ќе од­говорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам.
25 Волк и јагне ќе пасат заедно, а ла­вот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе ѝ биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора“, вели Господ.