Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Isaiah 62

:
Macedonian - 2006
1 Нема да замолчам заради Сион, ниту ќе се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението не­гово како запалена светилка.
2 И народите ќе ја видат твојата правда, и сите цареви твојата слава; и ќе ги наречат со ново име, кое устата Госпо­дова ќе го определи.
3 И ќе бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна врз длан­ката на твојот Бог.
4 Нема веќе да те нарекуваат „оста­вен“, ниту земјата твоја повеќе ќе ја именуваат „пустина“, туку ќе те наре­куваат „Мое благоволение кон него“, а земјата твоја „омажена“, зашто Гос­под благоволил кон тебе, и земјата твоја ќе биде мажена.
5 Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ќе се соединат со тебе; и како што младоженецот се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог.
6 На ѕидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да молкне ни дење, ни ноќе. О, вие што Го спомнувате Господа, не замолкнувајте!
7 Не замолчувајте пред Него, додека Тој не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата.
8 Господ се заколна во десницата Сво­ја и во силната рака Своја: нема повеќе да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на туѓин­ци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел;
9 но собирачите негови ќе го јадат и ќе Го слават Господа, и берачите на грозјето ќе го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште.
10 Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите!
11 Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете ѝ на ќерката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова пред Него.
12 И ќе ги наречат свет народ, откупен од Господ, а тебе ќе те наречат „баран“, „Незаборавен град.“