Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 61

:
Macedonian - 2006
1 Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на затворениците отворање на темницата,
2 да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат,
3 да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење ми­рисно масло на радост, место опаднат дух славна облека; и ќе ги наречат да­бови на правда, градина на Господ за Негова слава;
4 и ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови.
5 Тогаш ќе дојдат туѓинци, и ќе ги па­сат стадата ваши; синовите на туѓин­ците ќе бидат ваши земјоделци и ваши лозари.
6 А вие ќе се нарекувате свештеници на Господ, служители на нашиот Бог ќе ве нарекуваат; ќе се користите со имотот на народите и ќе се прославувате со нивните богатства.
7 Заради тоа што бевте двојно посрамени, подбивот и срамот им беа наследство, затоа во земјата ќе добијат двојно; вечна веселба ќе има кај нив.
8 Зашто Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилството, и ќе им дадам награда според вистината и ќе направам со нив вечен завет;
9 и семето нивно ќе биде познато меѓу народите, и потомството нивно меѓу племињата; сите, што ќе ги видат, ќе познаат дека се тие семе благословено од Господ.
10 Многу ќе се радувам во Господ, ду­шата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Тој ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси.
11 Зашто како што земјата ги произ­ведува растенијата свои, и како што во градината расте сѐ што ќе се посее така Господ Бог ќе направи да никне правда и слава пред сите народи.