Isaiah 592006

1Ете, раката на Господ не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша.

2Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша.

3Зашто рацете ваши се осквернети со крв, а прстите ваши — со беззаконие; устата ваша говори лага, јазикот ваш искажува неправда.

4Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и раѓаат беззаконие;

5несат змиски јајца и ткаат пајажина; кој ќе ги изеде јајцата нивни — умира, ако, пак, ги скрши — отровна змија ќе исползи — од нив.

6Пајажините нивни не ги бива за облека, нема да се покријат со изра­ботката своја; делата нивни се дела не­праведни, а насилството е во рацете нивни.

7Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нивни — се мисли нечесни; по патеките нивни — опустошување и погибел.

8Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.

9Затоа е и далеку од нас справедли­воста, правдата не стигнува до нас: чекаме видело, а тоа темнина, — светлина, а одиме во мрак.

10Го пипкаме ѕидот како слепи, одиме со пипкање како без очи; на пладне се сопнуваме како во мрак, меѓу живите сме како мртви.

11Сите рикаме како мечки и стенкаме како гулаби, чекаме суд, а него го нема, — спасение, но тоа е далеку од нас.

12Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши сведо­чат против нас; со нас се престапите наши, беззаконијата наши ги знаеме.

13Ние изневеривме и се одрековме од Господ и отстапивме од нашиот Бог; говоревме клевета и насилство, зачну­вавме и раѓавме од срцата наши лажли­ви зборови.

14И справедливоста отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе.

15И исчезна вистината, а кој се одда­лечува од злото, се изложува на ограбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема правда.

16И виде дека немаше човек, се чудеше дека немаше застапник; тогаш Неговата рака Му помогна и правдата Негова Го поддржа.

17И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шле­мот на спасението; и се облече во ко­шула на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.

18Според делата, според делата ќе им даде Тој на противниците Свои — со ја­рост, на непријателите Свои — со одмазда, на островите ќе им го даде заслу­женото.

19И ќе се уплашат на запад од името на Господ, на исток — од славата Негова. Ако непријателот надојде како река, — духот на Господ ќе го истера.

20И ќе дојде Искупителот за Сион и за синовите Јаковови, кои се одвратиле од нечесноста, вели Господ.

21И еве го заветот Мој со нив, вели Господ: Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои, што ги вложив во устата твоја, нема да излезат од устата тво­ја, од устата на потомството твое и од устата на потомците на твоето потом­ство, вели Господ, отсега и довека.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 59.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.