Isaiah 582006

1Викај со сиот глас, не воздржувај се; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов — гревовите негови.

2Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, како народ, кој божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог, сакаат да се приближат до Бога:

3„Зошто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш?“ — Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и други угнетувате.

4Ете, вие постите за караници и рас­правии и за да ги биете со рака сиромасите; со таков пост со каков што постите денес, гласот ваш нема да биде чуен во висините.

5Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господ?

6Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;

7раздели го лебот свој со гладните, и бездомните сиромаси закрили ги во до­мот свој; ако видиш гол, — облечи го, и од крвните сродници не криј се.

8Тогаш твојата светлина ќе светне како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те при­дружува.

9Тогаш ти ќе повикаш — и Господ ќе те чуе, ќе извикаш — и Тој ќе рече: „Еве Ме.“ Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо,

10кога ќе ја поделиш со гладниот хра­ната своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, — тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне;

11и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат.

12Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби.

13Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш, —

14тогаш ќе имаш радост во Господ, а Јас ќе те искачам на височини земни и ќе ти дадам да вкусиш од наследството на Јаков, твојот татко: устата на Господ го изрече тоа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 58.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.