Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 47

:
Macedonian - 2006
1 Слези и седни во прав, о, девице, ќерко вавилонска; седни на зем­ја: престол нема, ќерко халдејска, и во иднина нема да те нарекуваат нежна и милолика.
2 Земи млин и мели брашно; симни го превезот, засукај ракави, разголи ги но­зете, гази преку река:
3 твојата голотија ќе се открие, и ќе се види твојата срамотија. Ќе се одмаздам и никој нема од тоа да Ме одврати.
4 Нашиот Избавител името Му е Јахве Саваот Светецот Израелов.
5 Седи молкум и прибери се во темнината, ќерко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата.
6 Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскверни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго.
7 И си велеше: „Вечно ќе бидам господарка“, и на ум не го ставаше ова, не по­мислуваше што ќе стане потоа.
8 Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која се­диш и велиш во срцето: „Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдо­вица, ниту ќе осиромашам.“
9 Но ненадејно, во еден ден, ќе те снај­де и едното и другото загубата на де­цата и вдовството; во полна мера ќе те снајдат тие, при сето множество на твоите баења и големата сила на твоите маѓии.
10 Зашто ти се надеваше на своето лукавство и велеше: „Никој не ме гле­да.“ Tвојата мудрост и твоето знаење тие те заведоа од патот, а ти си велеше во срцето свое: „Јас и никој друг!“
11 Ќе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доаѓа тоа; ќе те снајде беда, која не ќе можеш да ја отфрлиш; и ненадејно ќе те стигне погибел, за која и не мислиш.
12 Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби ќе си помог­неш, можеби страв ќе предизвикаш.
13 Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажу­вачите по новомесечијата, нека те спа­сат од она, што треба да ти се случи.
14 Ете, тие се како слама: оган ќе ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.
15 Такви ќе бидат оние, со кои соработуваше, со кои си тргувала од млади години. Секој талка по својот пат; никој не ќе може да те спаси.