Isaiah 39
1 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син Баладанов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул дека тој бил болен и оздравел.
2 Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, — не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое царство.
3 Тогаш дојде пророкот Исаија кај царот Езекија и му рече: „Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа при тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие кај мене, од Вавилон.“
4 И праша Исаија: „Што видоа тие во твојот дом?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што не им покажав.“
5 И му рече Исаија на Езекија: „Ислушај го словото на Господ Саваот:
6 ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.
7 Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на вавилонскиот цар.“
8 А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.“