Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 31

:
Macedonian - 2006
1 Тешко им на оние што одат во Египет за помош: кои се надеваат на коњи и се потпираат на бојни коли, зашто биле многу, и на коњаници, зашто биле многу силни, а на Светецот Израелов не погледнуваат и кон Господ не прибегнуваат!
2 Но и Тој е мудар: ќе испрати неволја, и нема да ги порекне зборовите Свои; ќе се крене против домот на не­чесните и против помошниците на оние што вршат беззаконие.
3 Египќаните се луѓе, а не Бог; и коњите нивни им се тело, а не дух. Ќе ја протегне раката Своја Господ, и ќе се сопне заштитникот, ќе падне заштитуваниот и сите заедно ќе загинат.
4 Зашто вака им рече Господ: „Како лав, како лавче, кое рика над пленот свој, макар и многу овчари да му викаат, од викањето нивно нема ни да трепне и пред нивното множество нема да отстапи, така Господ Саваот ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.
5 Како птиците пиленцата, така Господ Саваот ќе го покрие Ерусалим, ќе го заштити и ќе го избави, ќе го сожали и ќе го спаси.“
6 Обратете се кон Оној, од Кого толку сте отстапиле, синови Израелови!
7 Во тој ден секој човек ќе ги отфрли своите сребрени и златни идоли, што рацете ваши ги направија вам за грев.
8 И Ашур ќе падне не од човечки меч, нема човечки меч да го премавне, тој ќе избега од мечот, но младината негова ќе плаќа данок.
9 И од страв тој ќе избега од тврдината своја; кнезовите негови исплашени ќе го напуштат своето знаме, вели Господ, чиј оган е на Сион, а огништето во Ерусалим.