Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Isaiah 32

:
Macedonian - 2006
1 Ете, царот ќе царува по правда, а кнезовите ќе управуваат по закон;
2 секој од нив ќе биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во пустина.
3 И очите на оние што гледаат нема да им бидат затворани; ушите на оние што слушаат, ќе внимаваат.
4 И срцето на лесномислените ќе умее да расудува; оние што говорат на нос, ќе говорат јасно.
5 Безумникот нема повеќе да го на­рекуваат благороден, а за подмолниот нема да велат дека е честит.
6 Зашто безумникот говори глупости и срцето негово мисли на беззаконие, за да дејствува лицемерно и да искажува хула против Господ, да ја лишува од леб душата на гладниот и да го одзема пие­њето од жедниот.
7 Кај подмолниот и средствата се погибелни: тој прави стапици, за да го погуби сиромавиот со лажливи зборови, макар што сиромавиот и да е прав.
8 А чесниот мисли на чесното и цврсто стои во сѐ што е чесно.
9 Жени безгрижни, застанете, чујте го гласот Мој; ќерки немирни, приклонете го увото кон зборовите Мои.
10 Уште една година и неколку дена, и ќе се ужаснете вие, безгрижни! Гроз­добер нема да има и време за жетва нема да настане.
11 Стреснете се вие, безгрижни! Ужас­нете се вие, невнимателни! Соблечете се, оголете се и крстот препашете го со таговна облека.
12 Тагувајте по прекрасните полиња, за родната лоза.
13 Во земјата на народот Мој ќе растат трње и боцки; така ќе биде и во сите домови во градот што ликува;
14 зашто дворците ќе запустат, шум­ниот град ќе биде напуштен; Офел и кулата ќе станат пештери прибе­жиште на диви магариња и на стада што пасат.
15 Додека не се излие врз нас Духот одозгора, и пустината не стане градина, и градината не почнат да ја сметаат за шума,
16 тогаш ќе се воведе правда во таа пустина, и праведност ќе заживее во плодоносното поле.
17 Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на праведноста трајно спокојство и сигурност.
18 Тогаш народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените.
19 И град ќе паѓа врз гората; градот ќе слезе во долината.
20 Блажени сте вие: ќе сеете при сите води и ќе испраќате таму и вол и магаре.