Isaiah 232006

1Пророштво за Тир. — Плачете бродови на Тарсис, зашто тој е разрушен: нема куќи и нема кој да влегува во куќите. Тоа им беше сооп­штено на враќање од земјата Китим.

2Молкнете жители на крајбре­жјето, што го полнеа сидонските трговци, пло­вејќи по море.

3По големи води се пренесуваат во него житата на Шихор, жетвата на го­лемата река; тој беше пазариште на народите.

4Засрами се, Сидоне: зашто, еве што вели морето, морската тврдина: не сум се мачела со родилни маки и не сум ра­ѓала, не сум одгледувала момци, ниту израснувала моми.

5Кога ќе стигне веста до Егип­ќаните, тие ќе затреперат штом ќе чујат за Тир.

6Преселувајте се во Тарсис, плаче­те, жители на приморјето!

7Тоа ли е вашиот град кој ликува, чиј почеток е од древните дни? Нозе­те не­гови го носеа, да се скита далеку во ту­ѓина.

8Кој го одреди тоа за Тир, што раздаваше венци, чии купувачи беа кнезови, а трговците негови — најпрочуе­ни во земјата?

9Господ Саваот го одреди тоа, за да посрами секоја горда слава, за да ги понизи сите најпрочуени во земјата.

10Оди по земјата своја, таршишка ќерко, како реката: нема повеќе преч­ки.

11Тој протегна рака врз морето, затресе царства; Господ додаде повелба за Ханан — да ги разруши тврдините негови,

12и рече: „Нема повеќе да ликуваш, посрамена девице, ќерко сидонска, оди во Китим, но и таму нема да имаш мир.“

13Ете ја земјата на Халдејците. Тој народ постојано го немаше; Ашур му стави почеток од пустински жители. Тие ги издигаа кулите свои, ги собо­руваа дворците негови, го претворија во урнатини.

14Плачете, кораби таршишки, зашто вашата тврдина е разрушена.

15И во тој ден ќе го заборават Тир за седумдесет години, колку што се де­новите на еден цар. А по седумдесет години ќе се пее за Тир, како што се пее за блудница:

16„Земи харфа, тргни по градот, блуднице заборавена! Свири убаво, пеј многу песни за да се сеќаваат на тебе.“

17И ете, по седумдесет години Господ ќе го посети Тир; и тој пак ќе ја добива печалбата своја и ќе блудствува со сите земни царства по целата вселена.

18Но трговијата негова и печалбата му ќе бидат посветувани на Господ; не­ма да бидат затворени и натрупани во складови, зашто печалбата од трговијата негова ќе преминува на оние што живеат пред лицето на Господ, за да јадат до наситување и да имаат трајни облеки.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 23.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.