Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 18

:
Macedonian - 2006
1 Тешко ѝ на земјата, која мафта со крилја од онаа страна на ети­опските реки,
2 која испраќа гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пре­сечуваат.
3 Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе затруби трубата!
4 Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиш­те, како светла жега по дожд, како облак роса при жетвен припек.
5 Зашто пред гроздобер, кога грозјето ќе процути, и гроздот ќе почне да узрева, Тој ќе ги исече со ноже прач­ките и ќе ги отстрани, и ќе ги искастри фидан­ките.
6 Ќе остават сѐ на грабливите пла­нински птици и на полските ѕверови: и птици ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат.
7 Во она време ќе биде принесен дар на Господ Саваот од народ јак и бо­дар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг на­род, чија земја реки ја пресечуваат, кај местото, каде што е името на Господ Саваот врз гората Сион.