Isaiah 16
1 Испраќајте јагниња за владетелот на земјата, испраќајте од Сала во пустината кон планината на ќерката Сионова;
2 зашто ќерките на Моав при Арнонските бродови ќе бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото.
3 „Дај совет, донеси решение; засенчи нѐ со сенката своја среде пладне како ноќе, прикриј ги истераните, не предавај ги скитниците.
4 Нека поживеат кај тебе моите истерани Моавци; биди им закрила од грабачи: зашто угнетувачот нема да го пуштам; грабежот ќе престане, угнетувачите ќе исчезнат од земјата.
5 И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие.“
6 „Сме слушале за гордоста на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуеност и високомерност и за неговото беснеење: празна е фалбата негова.“
7 Затоа Моав ќе заплаче; сите ќе плачат за Моав, по колачињата од суво грозје од Кир-Харешет, ќе плачат дотолчени.
8 Зашто, Есевонските полиња се исушија, како и лозјата во Сивма; големците на народите ги истребија најдобрите лозја, кои достигнаа до Јазер, се простираа по пустината; ластарите се ширеа, преминуваа од онаа страна на морето.
9 Поради тоа јас ќе плачам за лозјата сивмански со плачот на Јазер, ќе ги облевам со солзите свои, Есевоне, и Елале; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеќе шумна радост.
10 Исчезнаа од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи грозје во садови: Јас ги прекратив веселбите.
11 Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како харфа, а срцето мое за Кир-Херес.
12 Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне.
13 Тоа е словото, што Господ одамна го беше искажал за Моав.
14 А сега вака вели Господ: „По три години, сметајќи наемнички години, величието на Моав ќе биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ќе биде многу мал и незначаен.“