Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 15

:
Macedonian - 2006
1 Пророштво за Моав. Така! Ноќе ќе биде разорен Ар-Мо­ав и уништен; така! Ноќе ќе биде разорен Кир-Моав и уништен!
2 Тој се искачува во храмот дивонски за да плаче на височина; Моав липа над Нево и Медева; сите тие се со истри­жени глави, сите со избри­чени бради.
3 По улиците негови се препа­шуваат со вреќишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат.
4 Пишти Есевон и Елале; гласот нив­ни се слуша дури до Јахца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
5 Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до Еглат-Ше­лишија; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
6 зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана;
7 затоа тие ги пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остато­ците од имотот и она, што го собрале.
8 Зашто писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер-Елим;
9 бидејќи водите на Дивон се наполнија со крв, и Јас ќе испратам врз Дивон уште нешто лавови врз избеганите од Моав и против преживеаните во земјата.